ДЕСЕРТ ЗА ПОВИСОКО ЖЕЛЕЗО…Многу здрави и вкусни колачи од 3 состојки, без печење и без шеќер…Одлични се за здравјето на срцето, крвта и крвните садови…

Oва е класичен рецепт за меки протеински барчиња кои се подготвуваат од 3 состојки. Додека трепнете ќе ви бидат послужени на маса и можете да се сладите со нив без грижа на совест.

Може да ги јадете попладне како ужина наместо вообичаените колачи полни со празни калории. За да ги направите ќе ви бидат потребни следниве состојки: 200 г суви урми, 200 г бадеми, 1 лажичка какао, прстофат сол.

Постапка: Во подлабок сад ставете ги урмите и прелијте ги со топла вода да отстојат 10-15 минути. Во меѓувреме, бадемите ставете ги во тавче, без додавање на масло и пропржете ги додека да потемнат и добијат убава златна боја.

По изминатото време, урмите процедете ги од водата и ставете ги на дрвена даска на која претходно сте ставиле хартија и избришете ги од водата. Потоа секоја урма исчистете ја од внатрешната семка.

Исчистените урми ставете ги во блендер, а потоа додајте ги и пропржените бадеми. Додајте 1 лажичка какао (кое не содржи шеќер) и прстофат сол. Изблендирајте се во еднолична смеса.

Ќе забележите дека по блендирањето ќе добиете малку влажна смеса со средна конзистенстност слична на влажен песок. Оваа смеса ставете ја во правоаголен или некој друг сад (помал), обложен со хартија за печење.

Одозгора добро израмнете ја смесата и подеднакво распоредете ја низ целиот сад. Кога тоа ќе го направите, покријте ја смесата со вишокот хартија за печење и ставете во фрижидер да се стегне 30-тина минути.

Потоа извадете од фрижидер и вака подготвената кора пресечете ја на помали коцки или правоаголници по ваш избор.

Барчињата се спремни за послужување. Деталилите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ, а во продолжение на кратко прочитајте зошто треба често да јадете суви урми и како тие делуваат на вашето здравје.

Урмите имаат антивоспалително дејство. Антиоксидантите во урмите дејствуваат на намалувањето на хроничниот процес на воспаление во телото, за намалување на вкупниот холестерол и високиот кpвен притисок како еден од главните фактори за кардиоваскуларните заболувања.

Урмите изобилуваат со минералот калиум. Калиумот, најзастапениот минерал со кој се богати урмите, делува на намалување на високиот кpвен притисок, го регулира ефектот на натриумот (солта), ги опушта кpвните садови и ја подобрува циркулацијата.

Имаат богата содржина на растителни влакна. Растителните влакна во урмите можат да превенираат и да помогнат при слабеење, но и да го регулираат липидниот статус, што е од особена важност за здраво срце.