СЕРУМ ЗА КОСА: зелени ореви во маслиново масло – одличен препарат за јакнење на коренот од косата. Ќе ви претставиме неколку рецепти кои можете да си ги запишете, па кога ќе има млади зелени ореви да си направите серум и да ја зајакнете вашата коса.




Оревот е единствена билка и неговите благодети за човекот се непроценливи. Модерните нутриционисти препорачуваат секојдневно добро да се џвакаат 3-4 ореви за зголемување на хормонската активност, за обнова на клетките, за неутрализација на ток-сините, за враќање на менталните и телесните активности.




Сите делови од оревот се лековити, и листовите и младите зелени плодови, а подоцна и старите со јатка, па дури и тврдата лушпа на оревот е лековита. РЕЦЕПТ 1: наберете зелени ореви, исечете ги на половинки или четвртинки, наполнете ја теглата до половина и прелијте ја и дополнете ја со маслиново масло.




Вака оставете да отстои 40 дена, на топло, но да не е изложено директно на сонце. Потоа се процедува, оревите се фрлаат, а лековитото масло се складира во стаклено шише со тапа. Се користи за масажа на темето, по што се завиткува главата околу половина час, пред миење.




РЕЦЕПТ 2: Мали совети од авторката Деа Олуп: 10 зелени ореви (а може да зголемите и на 15) и половина литар маслиново масло. Оревите изрендајте ги или ситно исечкајте ги, а потоа прелијте ги со маслиново масло и оставете така да отстои 10-15 дена. После овој период процедете го маслото. Никако не смее на сонце да стои маслото, бидејќи ќе се расипе.




РЕЦЕПТ 3: (За штитна жлезда и опаѓање на косата предизвикано поради пореметување на штитната жлезда). Во половина килограм мед ставете 30 зелени оревчиња пресечени на половина или четвртинки, а потоа оставете да отстои, 2-3 седмици.




Консумирајте по една лажица дневно, секое утро. Овој природен лек е наменет за регулирање на штитната жлезда (при недостиг на јод) и обновување и јакнење на косата.

mekkora / Flickr.com




РЕЦЕПТ 4. СИРУП НА ЗДРАВА КОЖА: Натопете еднаков сооднос од лисјата во ал-кохол и оставете да отстои 48 часа. Додајте мед за да добиете густ сируп, со постепено додавање и постојано мешање. Консумирајте по една лажица пред оброк.




РЕЦЕПТ 5. Чај од листови од орев за чистење на кр-вта. Чајот направен од листови од млад орев се користи како средство за прочистување на кр-вта. Одличен производ е против кожни болести, дијабетес и жолчка, хемороиди, костобол, а поради нискиот процент на натриум се препорачува кај пациенти со бубрежни заболувања.




Листовите треба да се исушат по берењето. Подгответе го чајот на следниов начин: Ставете две лажици суви лисја во 200 мл ладна вода и гответе пет минути. Поклопете со капак и оставете да отстои уште 15 минути по варењето, а потоа процедете. Се пие 2 – 3 чаши дневно.




РЕЦЕПТ 6: ОБЛОГИ ОД ОРЕВ ПРОТИВ КР-ВАВЕЊЕ. Ставете два грста ореви во литар врела вода и оставете да отстојат 10 минути. Оваа вода можете да ја користите за кр-вавење, хемороиди и ва-гинално измивање. Се користи по потреба.