Посна сарма каква досега не сте јаделе. Рецепт на Пекар Пекарица– Посна сарма, манастирски рецепт, идеална за есенските и престојните зимски денови. Единствен рецепт, испробан и со фантастичен вкус кој не се разликува од сармата која се приготвува со месо.




Одлична е, а за да ја приготвите потребно е само да го следите упатството од рецептот. Потребни состојки: 1,2 кг димена риба шаран, 500 г кромид, 250 мл масло, 100 г ориз, 4 лажички сол (20 г), 4 лажички мелен црвен пипер (20 г), 1 лажичка црн пипер (5 г), 40 листови кисела зелка (за 30 сарми).




Постапка: Димената риба ставете ја во тенџере со вода и варете ја 20-30 минути на умерен оган. Потоа извадете ги парчињата со решеткаста лажица и ставете ги на страна да се изладат.




Водата во која се вареше рибата процедете ја за да се отстранат евентуалните коски и сочувајте ја. Кромидот излупете го и колку можете поситно исечкајте го. Оризот измијте ги под млаз ладна вода.




Во поголем сад на оган загрејте 250 мл масло и додајте го сечканиот кромид. Пропржете го на тивко околу 10 минути додека омекне и застакли. Рибата исчистете ја од крупните коски, па сомелете ја во машина за мелење месо или блендер.




Во пржениот кромид додајте црвен пипер, црн пипер и кратко пропржете, па додајте сол. Во смесата додајте го и претходно измиениот ориз, па заедно убаво соединете ги. Динстајте уште околу една минута.




Потоа тргнете го тенџерето од оган, додајте ја мелената риба во смесата и убаво промешајте додека сите состојки да се изедначат. Оставете на страна да се олади. Од киселата зелка одберете 30 листови кои ќе ги искористите за виткање на сармата и уште 10 листови за подлога. Отстранувајте го дебелиот дел од листовите.




Измијте ги листовите, а доколку зелката е прекисела, тогаш оставете ги листовите потопени во вода додека да се ублажи киселоста. Дното од садот во кој ќе се готви сармата наредете го со еден слој листови.




Потоа започнете го виткањето на сармите: Листот ставете го на дланка, ставете една лажица фил (околу 40 г) и завиткајте ги сармите како што е прикажано на видеото. Вака приготвените сарми редете ги во тенџерето. Со зелка пополнете ги празнините.




Одозгора наросете две лажички црвен мелен пипер и покријте со уште неколку листови зелка. Прелијте ја сармата со водата во која се вареше рибата, а ако е потребно додајте уште малку вода колку сармата да биде покриена.




Поклопете го садот и ставете го загреана рерна на 250 степени да проврие. Кога сармата ќе проврие, намалете ја температурата на 200 степени и гответе ја уште 2 часа. Деталите од постапката може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.