Ќе ви откриеме мали тајни од големите и познати готвачи кои ќе ви го олеснат правењето на тесто, а отсега па натаму работата во кујна ќе ви биде како песна.

Можеби веќе сте станале искусни со брашното и месењето теста, но можеби тукушто започнувате да учите нови техники и да ја запознавате убавината на месењето и печењето на домашни печива.




Разни домаќини и домаќинки го месат тестата на различен начин, но кога станува збор за состојките кои се користат во рецептите, претежно се користат истите: брашно, јајца, млеко, вода, квасец, масло…




Може да постојат разни варијации кои претежно се присутни во соодносите на состојките или во редоследот на додавањето на истите. Овие трикови се универзални, па така, не мора да ги прилагодувате своите проверени рецепти, туку само во идните приготвувања да обратите повеќе внимание на овие детали.




За да се измеси совршен леб, кифлички или разни други печива, потребно е време и искуство односно умешност, па затоа, доколку сте почетник, не треба веднаш да се разочаувате после првиот неуспех и да се обидете повторно.




Искусните готвачи познаваат некои мали тајни од кујната, но многу важни, а кои ги користат секогаш кога замесуваат тесто, и на тој начин го заштитуваат од ненадејно сплес-нување или да не стаса и да не порасне убаво.




Ова се нивните совети, односно поуки треба да направите или да ставите, за вашите теста да бидат исти како од најдобрите ресторани:

Пред воопшто да започнете со месење на тестото, треба да ги подготвите сите состојки, па дури и садот во кој ќе месете, кој патем треба да биде беспрекорно чист и сув. Извадете го путерот да омекне на собна температура, а истото важи и за јајцата. Не ги користете јајцата директно од фрижидер, особено не кога приготвувате тесто.




Доколку тестото го подготвувате со квасец, истиот бара шеќер и топлина за да може да се активира. Секогаш замесувајте го со млако млеко или млака вода, а газирана вода доаѓа во предвид летно време или на собна температура. Истото важи и за јогуртот.




Ладните состојки можат да ја нарушат текстурата на вашето тесто, па подоцна ќе се разочарате додека гледате како се развива во неочекуван правец. Кога станува збор за прашокот за печиво, гледајте да го додавате некаде на крајот од замесувањето на тестото.




Не прете-рувајте со количината на прашокот за печиво или квасец, бидејќи постои можност тестото да нарасне премногу и да се создадат пук-натини. Секогаш ридржувајте се според пропишаните количини предвидени во рецептот.




Практикувајте рерната да ја вклучувате порано од предвиденото за да има време убаво да се загрее. Тестото секогаш печете го во загреана рерна, бидејќи сите теста кои содржат прашок за печиво или квасец, едноставно „така“ се печат за да пораснат убаво и да формираат тенка, крцкава кора.




Почекајте 10 до 15 минути рерната да ја постигне посакуваната температура и потоа ставете го тестото да се пече. Не гоставајте во ладна или во млака рерна, затоа што така нема да го постигнете посакуваниот ефект и најверојатно ќе добиете тврда и дебела кора.

И за крај златниот совет на искусните готвачи гласи: Во секое тесто ставајте по една лажица јаболкова киселина. Здраво е, тестото подобро нараснува, а покрај сè, тоа ќе добие одличен вкус.