Георгиј Назаров, професор и автор на многу книги за подобрување на здравјето, тврди дека правилната исхрана секако го подобрува здравјето, ги подобрува мен-талните способности, го продолжува животниот век и ја зголемува силата и издржливоста на организмот.
Тоа подразбира стро-га диета во која подеднакво се важни изборот, начинот на подготовка, комбинацијата, количината и интервалот помеѓу земањето на одредена храна. Кисела зелка е традиционална зимска салата низ целиот свет од која се подготвуваат надалеку познатите зимски јадења.
Но, Георгиј Назаров предупредува на можно штет-но дејство поради начинот на преработка на овој зеленчук при одредени состојби. „Сепак, потребно е да се разгледаат позитивните и негативните ефекти на киселата зелка“, вели Георгиј кој потекнува од Русија.
За киселење на зелката се користи голема количина сол, што не е здраво, особено што по оброкот се пие голема количина вода. Кога ќе се внесе голема количина сол во организмот, човекот може да добие висок притисок, особено ако има предиспозиции за тоа.
Солта во организмот станува то-вар за бубрезите, а се таложи во зглобовите и кр-вните садови. Поради солта вишокот течност се задржува во телото и тешко се исфрла, а соодносот на калиум и натриум е нару-шен, па влијае на грчењето на мускулите, особено околу вратот и ‘рбетот.
Поради тоа, често може да се јави треперење на рацете и нозете како резултат на нерамнотежа на калиум и натриум, поради внесената голема количина на сол. Сè повеќе истражувања укажуваат на поврзаноста помеѓу употребата на сол во исхраната и појавата на некои видови р ак.
Солта не се отстранува целосно од киселата зелка дури и со миење на листовите пред употреба. Значи, со кисела зелка, која несомнено е корисна, сепак треба да бидете внимателни. Кога станува збор за киселата зелка, и нутриционистката Ана Павличевиќ го советува следново:
„Некои луѓе треба да избегнуваат да јадат кисела зелка.“ Докторката објасни дека киселата зелка е богат извор на киселини кои cтимyлативно влијаат на варењето на храната. Кога киселоста во организмот е ниска, а перисталтиката успорена, вклучувањето на кисела зелка во исхраната е корисно.
Меѓутоа, ако некое лице е склоно кон зголемување на киселоста во желудникот, киселата зелка едноставно не треба да ја конcyмира. Нутриционистката Павличевиќ наведе при кои состојби не треба да се конcyмира киселата зелка, а тоа се: вишок киселини, чир на желудник, склоност кон развој на бактерии во цревата и интолеранција на хистамин.
Хистаминот е супстанција што нашите тела ја произведуваат природно, а исто така се наоѓаат во одредени видови храна. Во ситуации кои вклучуваат „вистински“ алергии, вашето тело ослободува хистамин кој го предизвикува одговорот што го сметаме за алергиска реакција.
Нетолеранцијата на хистамин не е вистинска алергиска реакција. Наместо тоа, се однесува на реакција што некои луѓе ја искусуваат за храна која има високо ниво на природен хистамин.
Луѓето со интолеранција на хистамин често имаат ниски нивоа на било кој од двата многу специфични ензими – диамин оксидаза (DAO) и хистамин-N-метилтрансфераза (HNMT). Најчестите симптоми на нетолеранција на хистамин се мигрената, главоболки, дигестивни симптоми како што се дијареја , црвенило, осип, егзема и алергиски ринитис.
При погоре наведените состојби кога не се препорачува конcyмирање на кисела зелка секако спаѓаат и други намирници како: лимон, свеж леб и други печива, млеко и млечни производи со висока масленост, солено месо, сувомеснато, ал-кохол, газирани пијалаци и други намирници.. Диетата и планот за исхрана го подготвува нутриционист според индивидуалната состојба на пациентот.