Home зимница ШАРЕНА КИСЕЛА ЗЕЛКА: Голем фаворит меѓу зимницата, штом ја отворите теглата, веднаш...

ШАРЕНА КИСЕЛА ЗЕЛКА: Голем фаворит меѓу зимницата, штом ја отворите теглата, веднаш се празни

Оваа шарена кисела зелка не само што е убава и декоративна, туку таа исто така, е неодоливо мирисна и вкусна.

Кога ланското зимо за првпат почнавме да ги отвораме теглите, толку брзо се изедоа што посакав да имав направено уште од неа. Салатата е погодна како гарнир, но и како оброк-салата. Изобилува со витамини и минерали.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1,5 кг зелка, 500 г домати (може да користите и зелен домат), 500 г пиперки, 300 г моркови, 300 г кромид, 80-100 г свеж магдонос или копар или целер или некоја друга зелена ароматична билка по ваш вкус (или воопшто не мора да ставате).

ДРУГИ ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 60 г сол, 100 г шеќер, 120 мл рафинирано масло за готвење, 120 мл бел оцет 9%, по неколку зрна црн пипер во секоја тегла, кој сака може и луто пиперче да стави, и по еден ловоров лист во секоја тегла.

ПОСТАПКА: Зелката добро исчистете ја од надворешните листови и евентуална нечистотија, а потоа ситно исечкајте ја или изрендајте ја (како ви е полесно).

Пиперките исто така измијте ги и исцедете ги, па исечкајте ги на ленти (прво на половина, па потоа на ленти).

Останатиот зеленчук измијте го и исцедете го. кромидот исчистете го, па исечете го на лентички, а доматите сечете ги на четвртинки или осминки, во зависност од нивната големина. Морковите излупете ги па изрендајте ги.

<

Магдоносот или другата зелена билка за која ќе се одлучите, ситно исечкајте ја.

Целиот исечкан зеленчук ставете го во еден поголем и подлабок сад каде што ќе може убаво да се измеша. Промешајте со голема лажица лопатка или со раце, внимавајќи да не се наг-мечи зеленчукот.

Во зеленчукот додајте сол, шеќер, масло и оцет, па промешајте. Оставете го садот покриен со проѕирна фолија, да отстои 40 минути за да се маринира.

За тоа време салатата треба да се промеша 2-3 пати за да се растворат солта и шеќерот.

Пред да се складира во тегли, потребно е уште еднаш добро да се промеша салатата. Теглите претходно стерилизирајте ги за да бидат перфектно чисти, а металните капаци пребришете ги со чист ал-кохол.

Наполнете ги теглите со салатат и дополнете со сокот што останал во садот. Во секоја тегла ставете по еден ловоров лист и црн пипер во зрно (а кој сака може и малку лутко). Затворете ги теглите со капаците, но ги стегајте премногу.

Наредете ги во широко тенџере обложено на дното со крпа и наполнето 2/3 со вода, па откако ќе зоврие водата намалете на умерено и пастеризирате ги теглите во времетраење од 25 минути. Потоа внимателно вадете ги една по една и добро стегнувајте ги капаците.

Откако ќе ги затворите, теглите превртувајте ги наопаку за дополнително да се вакумираат. Вака оставете ги да ги се оладат до собна температура, а потоа сместете ги заедно со останатата зимница, на темно и ладно место, со константна температура.