Ноември е месец на шкорпиите, а бидејќи ни доаѓаат деновите на млада месечина, чие влијаение особено ќе се засили вечерва во 22 часот и 14 минути. Кога младата месечина е на небото, сите имаме можност за отпочнување на нешто ново, вели астрологот Велимир Ремиќ.




Тој советува дека треба да се завршат работите кои претходно сме ги започнале, а кои ни го реме-теле секојдновното темпо на живеење. Ова особено е неопходно пред отпочнување со нешто ново.




Астрологот вели дека сега е време за сите оние кои претходно не биле задоволни, да си пронајдат нова работа. „Сега е дојдено вистинското време за нова работа! Тоа е како кога купувате нова работа и ќе ја ставите во плакар.




Плакарот со преполни работи треба да го осло-бодите од сите оние непотребни работи кои повеќе не ги носите за да направите простор за новото што сте го купиле. Истото тоа се случува и во животот“, рече Ремиќ.




Тој исто така напомена дека ноември е месец во кој се случуваат големи природни ката-строфи поради честите врнежи кои може да доведат до излевање на реките. Сè што треба, е искрено да го посакате тоа што најмногу го сакате, и да го направите pитyалот до 22 часот и 14 минути.




1 чекор: Седнете некаде на тивко место за да можете да се сконцентрирате. Одлучете кои ви се 10-те најважни желби, и потоа гласно кажете ги една по една. Потоа, замислете дека сите тие ви се исполниле, и како би се чувствувале во моментот на исполнувањето. Замислете ја радоста. Дајте си на себе време да yживате во секој момент и замислете дека сето тоа е стварност.




2 чекор: Нацртајте сè што сакате. Колку повеќе енергија ќе вложите во цртежот, толку резултатите ќе бидат подобри. Овој дел ќе ви помогне да го визуализирате исполнувањето на вашите желби.




3 чекор: Со секоја слика од желбите, замислете позитивна афирмација со која ќе ја поддржите, и запишете ја. На пример, напишете „Јас сум вљубен/а“ ако сакате љубов. Овој дел не смеете да го прескокнете.




4 чекор: Размислете за секоја желба и начинот на кој ќе ја остварите.

5 чекор: Поминете малку време медитирајќи, или само во тивко размислување за вашите цели.

Можеби ова ќе ви изгледа чудно, но научно е докажано дека медитацијата ја намалува нер-возата, а седењето во тишина на мозокот му дава неколку минути да се осло-боди од непотребните мисли, и да направи простор за вашите најискрени желби.




Како се доближува следната млада месечина, погледнете го списокот од минатиот месец, и проверете која од желбите се исполнила. Погледнете го списокот, и на секоја желба дајте и оцена од 1 до 100, базирано на тоа колкави се шансите да се исполни. Бидете искрени со себе. Посветете поголемо внимание на желбите кои имаат поголема оцена од 50.