Дејв Хекс сподели видео на својот јутјуб канал пред неколку години и објасни еден метод кој може да помогне и со чија помош повеќе нема да го трошите времето наутро бришејќи го замагленото стакло во автомобилот.




Имено, прозорците се замаглуваат кога постои разлика во температурата во внатрешноста и надвор од автомобилот, што обично се случува зимно време. За да спречите замаглување на прозорците, треба да ја отстраните влагата од автомобилот.




Песокот за мачки е дизајниран да апсорбира колку што е можно повеќе влага и притоа да ги неу-трализира непријатните мириси. Па затоа, за да подготовката на овој негов метод кој се покажал како исклучителноп ефикасен, ќе ви биде потребен еден чорап и песок за мачки.




Пред да го искористите песокот за мачки, осигурајте се дека е токму таков каков што ви е потребен-апсорбент, бидејќи на пазарот постојат различни видови на песоци.




Земете еден стар, чист и неупотреблив чорап (да нема дупки во него) и наполнете го со песок за мачки. Може да користите алка или нешто слично за поставување на отворот на чорапот за полесно полнење.




Кога ќе завршите, затворете го чорапот со селотејп или врзете го во чвор за да не ви се истури во автомобилот. Потоа ставете го чорапот на контролната табла. Можете да направите уште еден ваков чорап и за задниот прозорец. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ. А, еве и уште еден метод:




Спречете го замаглувањето на ветробранското стакло од автомобилите

Ова е дефинитивно еден од најдобрите совети, бидејќи замаглените прозорци од автомобилите се голем проблем, особено во влажни временски услови. Ова е најдобрата корист на силика-кесичките, за сите возачи во светот.




Наместо да чекате наизменичната струја да си ја заврши работата, само ставете еден куп од овие силика-кесички под шофершајбната од внатрешната страна. Следното утро ќе забележите дека вашето стакло од автомобилот не е замаглено. Ова е најбрзиот и најефикасниот начин да се спречи замаглувањето на прозорите од автомобилот.




Кесичките се исполнети со супстанција која се нарекува силициум диоксид, кој не треба да се про-голтува. Но, тоа не значи дека не може да биде корисен во домаќинството. Овие перничиња со силициум диоксидот се неток-сичен инертен десикант кој има способност да ја апсорбира влагата околу себе.