Овој чај може да се пие секојдневно, во поголеми количини, а погоден е речиси за сите. Одличен е за ситуации кога сакате да го избегнете мирисот на кромидот, а сепак да ги искористите сите лековити својства на ова растение.




Главица кромид со средна големина исечете ја на 4 дела и прелијте со 3 чаши вода. Ако кромидот не бил третиран со некакви средства, тогаш не лупете го, туку исечете го заедно со лушпата за да биде што полековит.




Потоа оставете да се готви на тивок оган додека половина од течноста не испари, процедете и пијте топло. Вкусот на вака приготвениот чај е сладок и пријатен, а по желба може дополнително да се заслади со мед.




Ако вкусот на чајот не ви одговара, можете да го подобрите со додавање на некои други лековити билки – за време на готвењето додајте лист жалфија и неколку лажички камилица или мајчина душица.




Чајот испијте го, а сварениот кромид можете подоцна да го искористите во подготовката на оброците, на пример, додајте го во јадења од компир или разни зеленчукови чорби. Овој чај е првенствено ефикасен против кашлица, а можете да го користите и за ублажување на б олки во грлото, настинка и грип.




Во повеќето случаи, доволно е да се пие чај во текот на 2-3 дена за да има подобрување кај овие болести. Според препораката на Рудолф Бројс, чајот од кромид се користи за срцева и бронхијална астма.




Во тешки случаи на астма и бронхитис, чајот треба да се пие во текот на 2-3 недели, а колку е можно и почесто за целосно чистење на бронхиите и белите дробови. За астматичарите се препорачува покрај овој чај да се зема рендана црна ротквица со малку шеќер.




Овој чај е добар и за детоксикација и зајакнување на организмот, односно за нашето целокупно здравје. При користењето на кромидот, не ги фрлајте неговите лушпи, туку собирајте ги и по потреба можете да варите и чај приготвен само од нив.




Истражувањата покажале дека токму лушпата од кромидот содржи богатство од антиоксиданси кои може да го подобрат здравјето на човекот на повеќе нивоа. Надворешниот, кафеав слој од кромидот е богат со диетални влакна, флавоноиди и антиоксиданси, кои сите се многу корисни за подобрување на здравјето на кожата.




Лушпата од кромидот е богата со силен растителен пигмент наречен кверцетин, кој е многу ефикасен за намалување на хипертензија и спречување на затнување на артериите. Покрај тоа, лушпата од кромид има антеканцерогени, антифунгални, антибактериски и антиоксидативни својства.




Собирајте ги лушпите од кромид во стаклена тегла. Кога ќе сакате да си приготвите лековит чај, ставете неколку парчиња во сад и прелијте ги со зовриена вода. Поклопете и оставете да киснат околу 15 минути. Процедете и пијте пред спиење.