Како тиквата влијае врз здравјето на телото? Еве зошто е корисно да јадат сите, а особено оние кои имаат висок крвен притисок и шеќер. Тиквата е вистински симбол на есента, но сладењето во нејзиниот вкус му помага на здравјето повеќе отколку што многумина знаат и затоа треба да се јаде секогаш кога има можност за тоа.

NMD.mk




Тиквата нема многу калории, не е ниту масна, ниту содржи многу јаглехидрати, а е полна со микронутриенти. Богата е со витамини А, Ц, Е, Б1, Б2, Б6 и Б12, а содржи и калиум, железо и магнезиум. Покрај пулпата („месото“) на тиквата, и нејзините семки се богати и со драгоцени состојки, па затоа ја нарекуваат „супер храна“.

Иако има висок гликемиски индекс, тиквата има ниско гликемиско оптоварување, па според нутриционистите, може да ја јадат и дијабетичари – многу споро го покачува шеќерот во кр-вта.




Како значаен извор на магнезиум, тој е од голема корист за сите кои стра-даат од несоница, бидејќи овој моќен минерал го регулира нивото на трансмитери во мозокот. Корисна е и за контрола на кр-вниот притисок, па затоа тиквата треба да јадат сите кои стра-даат од хипертензија.

Покрај сето тоа, во исхраната се препорачува да се користи масло од семки од тиква, бидејќи го зголемува добриот холестерол и помага за намалување на кр-вниот притисок.




Освен што можете да ја приготвите на десетина слатки начини, тиквата може да ви помогне и да си ја подобрите здравствената состојба. Одлична е за мажите, за жените и за децата, а еве и како:

-Богатa е со антиоксиданси што значи дека делува противвоспалително. Поради тоа, одличнa е здравјето на вашите зглобови, о ргани, за побрзо закрепнување при пов-реда на мекото ткивото, а помога и за полесно поднесување на ст-ресни состојби.




-Поради големите количини на витамин А кои ги содржи, помага во одржување на здравјето на очите од деге-неративни промени и катаракта.

-Високото ниво на витамин Ц го јакне имунитетот и поттикнува производство на колаген, па поради тоа тиквата е одлична за кожата и ја прави блескава и еластична.




-Тиквите се добар извор на влакна, па го штитат телото од ток-сини и му помагаат правилно да функционира. Особено благопријатно делува на целиот дигестивен систем.

-Содржат доволно каротен кој им ја дава портокаловата боја, а на луѓето им помага да не остарат прерано и спречува појава на кардиоваскуларни болести.




-Семките од тиква се богати со протеини и масни киселини, кои помагаат во регулирање на нивоата на лошиот холестерол, заштитуваат од артритис и овозможуваат здрав изглед на кожата.

-Пулпата („месото”) од тиквата заедно со семките се богати со магнезиум кој е неопходен за здравје на коските и забите.




-Исто така, тиквата е богата со калиум и цинк кои се клучни во превенција од кардиоваскуларни болести и висок кр-вен притисок. Цинкот е одличен и за плодност, убава кожа и имунитет.

-Содржи Л триптофан, супстанција која дава навистина добро чув-ство и рас-положение.




-Маслото кое се добива од семките на тиквата е одлично за лекување на воспаление на простатата, а превентивно штити од развој на кан-церогени промени на простатата.