Иако на пазарот може да се најдат најразноразни спрејови кои се наменети за чистење и отстранување на прашината, сепак треба да се има во предвид дека природните средства се секогаш подобро решение, особено кога станува збор за здравјето, но и буџетот.




Домашниот спреј против прашина се приготвува многу лесно и едноставно, а за негова подготовка ќе ви бидат потребни само три состојки, како и вода. Овој спреј е поздрава и поекономична варијанта, а сепак е ефикасен.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 шолја вода, 1/4 шолја ал-кохолен оцет, 2 супени лажици маслиново масло, 10-15 капки есенцијално масло по желба (лимон, лаванда)




ПОСТАПКА: Сите состојки измешајте ги во празно шише со распрнувач. Добро протресете го шишето за да се соединат состојките и маслото да се разбие на поситни капкички.




Испрскајте ја површината која сакате да ја исчистите или нанесете директно на крпата. пред секоја употреба протресувајте го шишето. Оваа течност особено е погодна за голема површина како што се подовите.




Со помош на овој домашен спреј ќе го редуцирате бришењето на прашина за трипати отколку што порано сте практикувале. Прочитајте и следно: Со методот кој го користат музеите исчистете го домот, 10 дена нема да видите прашина




Решението всушност е многу евтино и едноставно. Нема ништо поиритантно од тоа кога ќе забележите дека повторно се таложи прашина врз површините, а тукушто сте ја средиле куќата и детално сте ја исчистиле.




Дали и вам ви се случило, за само 24 часа да забележите повторно прашина откако истата детално сте ја избришале?

Веројатно досега сте пробале повеќе начини за отстранување на досадната прашина, а ако му се верува на познатиот „Смитсонијан”, кој тоа го наведе на својот сајт, тајната состојка е глицеринот кој можете да го купите во повеќето аптеки.




Имено, не е доволно само да се исчисти прашината, туку и да се спречи таа да не се појавува барем некој период. Сè што треба да направите е да измешате 5 литри вода со 3 лажици глицерин, да натопите крпа во оваа мешавина и со неа да ги пребришете подовите, огледалата и мебелот.




Исто така, глицеринот е ефикасен и во елиминација на дамки од кафе или чај од облеката. На свежа дамка нанесете комбинација од кујнска сол и глицерин (во однос 1:1), а штом дамката избледи, облеката исперете ја на стандарден начин.




Со крпа натопена во малку глицерин може да ги истретирате изгребаните делови од кожната облека или мебелот. За детално чистење на прозорите се користи раствор од глицерин и етил алкохол во однос 1:10. Со овој раствор се пребришуваат прозорите.