Повторно имаме нов рецепт од готвачот Том Филос, а овојпат тоа се брзи, едноставни, но многу вкусни почагици за чија подготовка се потребни само три состојки. Ако сте ги пробале познатите кашкавалки, или погачиците со сирење, тогаш веројатно ви е познато за што станува збор.
Меѓутоа, како и секојпат досега, рецептите на Том Филос се точно дозирани и без никаква мана. Испробајте го неговиот рецепт за вкусните погачици со сирење „солени тркалца“ и споделете ги впечатоците во коментар. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г путер, 250 г рендано бело сирење (или иситнето), 250 г брашно. ПОСТАПКА: Путерот исечкајте го на коцки и оставете го да омекне на собна температура.
Потоа ставете го во еден подлабок сад за месење. Додајте го иситнетото бело сирење и брашното. Замесете ги состојките со рака додека да се изедначат во компкатно тесто. Потребно е да се меси неколку минути.
Добиеното тесто завиткајте го во проѕирна фолија, или пак покријте го во садот во кој го месевте, па оставете го во фрижидер да одмори еден час. За тоа време отпуштениот путер ќе се стегне и тестото ќе стане уште покомпактно.
По изминатото време тестото истресете го врз малку набрашнета работна површина и премесете го неколку минути. Потоа малку набрашнете го одозгора и со помош на оглагија развлечете кора.
Кората треба да е средно тенка, со дебелина од 3-5 см. Со помош на модла или калапче вадете ги тркалцата и редете ги на страна. тестото што ќе остане повторно соберете го во компактно тесто, развлечете го во кора и повторно вадете тркалца.
Постапката повторувајте ја сè додека имате тесто. Погачиците наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Ставете ги во загреана рерна на 220 степени и печете ги 15 минути, додека да заруменат.
Погачиците се многу вкусни и мирисаат неодоливо. Можете да ги правите во најразлични форми: како стапчиња, соленки, да ги сечете на ленти, па на коцки или да користите најразлични модли.
Исто така, одозгора по желва можете да ги премачкате со јајце и да ги наросите со сусам, или да ги наросите со рендан кашкавал. Ви го претставивме основниот рецепт, а вие од него можете да приготвувате најразлични варијации. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.