За овој неверојатен природен лек наводно се знае уште од многу одамна во некои делови на Хрватска и Босна и Херцеговина. Според коментарите на оние кои ја испробале оваа билна мешавина, сестра Љубица Ковач, со години го подготвува овој спа-соносен лек за бактеријата Е. коли.
Ешерихија коли е грам-негативна бактерија, со стапчест облик чие природно живеалиште е во цревата на човекот и животните. Оваа бактерија е дел од цревната флора и е неопходна во процесот на варење на храната.
Исто така помага и во синтеза на некои супстанции како на пример витаминот К и разградување на лактозата. Оваа бактерија е индикатор на загадување на водата и еден од најчестите причини за развој на бактериски инфекции кај човекот.
Оваа бактерија може да предизвика инфекции на гастроинтестиналниот и урогениталниот тракт, а предизвикувач е и на сепса, менингитис (кај новороденчињата), воспаление на белите дробови итн..
Следниот лек кој што ќе ви го претставиме е многу лековит и им помогнал на многу луѓе. Состојките кои ќе ви бидат потребни можете да ги најдете во секоја продавница за здрава храна или некои од нив може ги одгледувате во домашни услови.
Ана за време на бременоста се заразила со бактеријата Е. коли. Како што вели таа, бактеријата била толку резистентна на два различни антибиотици што ги користела и ниту еден од нив не и помогнал.
За среќа, следната комбинација на природни состојки целосно ја излекувала од оваа состојба. Како што вели сестра Љубица: „Јас сакам со сите да го споделам рецептот бидејќи им помогнал на многу луѓе, но длабоко во душата се надевам дека на никој нема да му затреба како што и требаше на Ана..”
За да го подготвите лекот ќе ви бидат потребни следниве состојки: 250 г корен од магдонос, 250 г органски нелупен лимон, 200 г природен мед, 200 мл маслиново масло.
Подготовка на лекот: коренот од магдонос треба добро да се измие и да се иситни во блендер. Истото се повторува и со лимонот, кој се користи цел, сосе кората. Сè заедно се меша и се додава медот и маслиновото масло.
Напитокот се складира во чиста стаклена тегла. Начин на примена: Конcyмирајте по една голема лажица пред појадок, една пред вечера и сè така додека да ја потрошите смесата. После направената терапија, направете детален преглед на лекар. Ако бактеријата е сè уште присутна во организмот, повторете ја уште еднаш терапијата, советува Ана.
Љубица советува дека овој лек може да се конcyмира и при присуство на други бактерии во организмот. Прави целосен детокc и ги yништува бактериите. Тие често стануваат отпорни на разните антибиотици, но со овој природен лек, рамнотежата повторно се воспоставува.
Лекот е многу едноставен за подготовка и потребно е да го чувате во фрижидер. Секако треба да бидеме претпазливи да не дојдеме во контакт со оваа бактерија која лесно го кон-таминира организмот, но и тоа да се случи, понекогаш не е во наша контрола.
Бактеријата може да се добие при контакт со кон-таминирана храна, измет.. Важно е да ја „фатите“ во почетна фаза за да не и се дозволу прекумерен развој. Покрај конcyмацијата на овој лек, се препорачува да се внесуваат многу течности, особено вода и да се јаде здрава, избалансирана храна.
НАПОМЕНА: Пред употреба советувајте се со вашиот лекар.