Брзо и евтино: Со само неколку состојки направете многу вкусен колач кој се топи во уста. Рецепт на Вкусна Минута. Оваа торта почнав да ја правам секој ден, без печење само со јаткасти плодови.
Свекрва ми ме научи да ја правам, а оттогаш сите ме прашуваат за рецепт. Ми здосади на сите да им одговарам поединечно, па решив рецептот да го споделам со сите. Буквално се подготвува за 5 минути, а после само се чека во фрижидер да се стврдне.
Ние уште ја нарекуваме и кралска торта која се топи во уста. Ова е рецепт од неколку состојки кој секому успева од првпат, полесна торта за подготовка нема.
Потребни состојки: 250 г суви сливи, 200 г ореви, 4-5 тортилји (мали тркалезни лепчиња од пченкарно или пченично брашно), 500 мл густа слатка павлака (33-36% масна), 2 лажици шеќер, 250 г маскарпоне или некое друго крем сирење.
И уште: 50 мл топла вода со 1 лажица шеќер и 1 лажица лимонов сок, ситно сечкани ореви и темно чоколадо за декорирање по желба. Тортата може да ја декорирате и на ваш начин.
Постапка: Сувите сливи исечкајте ги на 2-3 помали парчиња во зависност од нивната големина. Потоа земете ги оревите и нив исечкајте ги што поситно, не мора да се блендираат.
Исто така, користете кружен калап со флексибилен обрач во големина слична на тортилјите. Мојот калап беше малце помал и секоја тортилја ја скратив од страните.
Започнете со подготовката на кремот: 500 мл густа павлака излејте во подлабок сад и матете со миксер до погуста смеса. Потоа додајте 2 лажици шеќер и продолжете да матите до формирање на пенаста структура, слична на шлаг.
Тогаш додајте го маскарпонето или некое друго крем сирење и изматете се заедно. Издвојте малку од оваа смеса настрана, отрпилика 2-3 лажици. Во поголемиот дел од смесата додајте ги сечканите парчиња суви сливи и оревите. Измешајте се заедно. Во калап со флексибилен обрач поставете хартија за печење и на дното ставете една тортилја.
Тортилјата премачкајте ја со мешавината од топла вода, шеќер и лимонов сок и ставете 1-2 лажици од смесата со сливи и ореви. Потребно е смесата да ја поделите на 3 еднакви делови ако користите 4 тортилји или 4 еднакви делови ако користите 5 тортилји.
Потоа одозгора ставате нова тортилја, повторно ја премачкувате со слатко-киселата вода и редите од филот. На овој начин постапувате се додека да ги потрошите тортилјите. Врз последната тортилја се премачкува ,,чистиот” крем односно тој кој го издвоивте на почетокот.
Ставете ја тортата во фрижидер да се стврдне неколку часа, а потоа декорирајте ја по желба. Јас од страните ја премачкав со уште малку фил и ставив ситно сечкани ореви, а одозгора наросив со ситно сечкано/рендано темно чоколадо. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.