Ревматоидниот артритис е системска, хронична, автоимуна болест од непозната причина која претежно ги погодува зглобовите. Се смета дека ревматоидниот артритис се јавува кај генетски предиспонирани лица под влијание на досега непознати надворешни фактори.
Примарниот процес започнува во синовијалната мембрана што го опкружува зглобот, која се згуснува поради постојано воспаление и е богата со ензими и други супстанции кои ја уништуваат зглобната ‘рскавица и коска и доведуваат до непоправливи промени во зглобот.
Како последица на тоа, се јавува нестабилност на зглобовите, што доведува до прогресивен развој на деформитети типични за ревматоиден артритис.
Болеста може да се појави на било која возраст, и најчесто се забележува на возраст од 20 до 40 години. Оваа болест е трипати почеста кај жените. Ревматоидниот артритис кај повеќе од 80% од пациентите започнува постепено, со општи симптоми како што се замор, малаксаност, губење на тежината, како и блага треска.
По неколку седмици до месеци, започнуваат карактеристичните симптоми поврзани со зглобовите: болка, оток и вкочанетост. Отпрвин, се јавува б олка во зглобовите, која трае подолго и поинтензивно.
Вкочанетоста на зглобовите е најизразена наутро, првично со пократко траење, а потоа подолга и трае до неколку часа. Утринската вкочанетост е карактеристична за ревматоиден артритис.
Покрај пропишаната терапија може да користите едно многу специјално масло кое ги ублажило симптомите на артритис кај многу луѓе, а тоа е маслото од ловоров лист. Ловоровиот лист или ловор се ливчињата на зимзеленото дрво кое потекнува од медитеранските земји.
Според грчката митологија, прекрасната нимфа Дафне се претворила во ловорово дрво за да избега од љубовникот Аполон. Така ловорот станал симбол на Аполон, а ловоровите венци им биле доделувани на победниците и поетите. Од тој обичај е произлезен терминот „лауреат“, што на латински значи „крунисан со ловор“.
Листовите имаат многу ароматичен, зачинет, горчлив и силен вкус. Свежите лисја содржат витамини А, Ц и Б комплекс витамини. Од присутните минерали се калциум, манган, железо, селен, цинк и магнезиум.
Поради својот богат хемиски состав, ловоровите листови даваат широк спектар на лековити придобивки. Ловорот традиционално се користи за лекување на многу болести.
Листовите од ловоров лист се користат за проблеми со варењето. Тие имаат способност да ја намалат надуеноста. Листовите од ловор ја смируваат работата на желудникот, го cтимyлиpаат апетитот и лачењето на дигестивните сокови.
За бронхитис, се препорачува да се нанесе ловорова облога. Облогите се потопуваат во водата во која се готвел ловорот-како чај. Таквите облоги помагаат при силна кашлица, бронхитис и инфекции на респираторниот систем.
Ловоровиот лист е богат со витамин А и витамин Ц и цинк, кои играат важна улога во одржувањето на силен и здрав имунитет.
Витаминот А обезбедува здрава мембрана на слузокожата на очите, носот, устата, грлото, белите дробови и дигестивниот систем. Витаминот Ц има антибактериски и антивирусни својства, што го зајакнува имунолошкиот систем.
Според бројни студии, етеричното масло од ловор покажува исклучителни антифугални и антисептички својства. Ловоровиот лист како антисептик ги лекува раните предизвикани од инфекција и го спречува растот на бактериите.
За да направите масло од ловоров лист, ќе ви бидат потребни следниве состојки: 30 г ловорови лисја (тоа е околу 25-35 суви ливчиња), 250 мл екстра девствено маслиново масло или ладно, цедено, органско сончогледово масло како што користев јас во рецептот.
Постапка: Во чиста стаклена тегла ставете го маслото и одозгора залијте ги листовите, претходно исечкани на помали парчиња и малку иситнети за полесно да ги испуштат лековитите својства. Теглата добро затворете ја и оставете ја да отстои на темно и ладно место 2 седмици.
По изминатиот период процедете го маслото и складирајте го во стаклено шише и чувајте го на ладно место во шпајз или во фрижидер. Начин на користење: За проблеми со очите, може да натопите газа во ова масло и да ја ставите на очите да отстои по 30 минути секој ден, за намалување на б олката, отокот и заморот.
За лекување на артритис, маслото може да го загреете на ниска температура и потоа со него да ги измасирате болните зглобови: ова е метод кој многу помага при оваа состојба. Ако не сте знаеле, маслото од ловоров лист може да замени и аспирин, а може да се користи и за нормализирање на апетитот и при други дигестивни проблеми.