Вкусно и сочно јадење кое лесно и брзо се приготвува. Многу е сочно и богато со вкусови, верувам дека и вам ќе ви се допадне овој едноставен рецепт кој можат да го приготват и оние кои се понеискусни во кујната.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 парчиња бело месо, сол, црн пипер и црвен пипер, 1 главица кромид, 4 компири, 200 мл неутрална течна павлака за готвење, 2 јајца, 1 лажичка кари, зачински билки по вкус. И уште: 120 г рендан кашкавал, 1 домат
ПОСТАПКА: Една главица исчистете ја и исечкајте ја на полумесечинки (или на покрупни коцки, а потоа разлистајте ги). Во нелеплива тава без пластични додатоци (или огноотпорен сад за во рерна) ставете малку масло, па спуштете го кромидот.
Потоа измијте четири компири со средна величина, излупете ги и исечкајте ги на тенки кругови, па и нив додајте ги во тавата со кромидот. Зачинете со сол и црн пипер, па залијте малку маслиново масло.
Пилешкото бело месо исечкајте го на коцки со средна величина. Посолете, запиперете и зачинете со црвен пипер во прав. Може да додадете и мешавина од зачини, како на пример „италијанскиот“ зачин или нешто по ваш избор.
Промешајте го месото со раце, за да се распоредат зачините подеднакво. Убаво зачинетото месо рамномерно распоредете го врз компирот и кромидот. Внимавајте да биде во еден слој за да може рамномерно да се зготви.
Во посебен сад скршете две јајца и додајте 200 мл течна, неутрална павлака за готвење. Посолете, додајте една лажичка кари во прав и малку суви зачински билки како оригано или нешто по ваш вкус.
Промешајте со виљушка додека убаво да се соединат јајцата со павлаката и билките, а потоа со течната смеса залијте го месото во тавата. Малку протресете го садот за да се распореди смесата подеднакво меѓу парчињата и компирот убаво да се натопи.
Вака приготвената тава покријте ја со хартија за печење, а врз хартијата фиксирајте со алуминиумска фолија. Добро затворете ги краевите. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.
За тоа време еден домат исечете го на тркалца, не премногу тенки, а на страна изрендајте 120 г кашкавал по ваш избор. Може да користите и шери домати, а доколку не ги салате доматите, не мора да ги ставите. Исто така, може да наросите и свежо сечкан магдонос.
После 40 минути извадете го садот/тавата од рерна, па врз месото наросете рендан кашкавал и наредете парчиња сечен домат. Посолете. Вратете да се допече уште 10 минути и уште 2-3 минути на горен грејач доколку сакате да биде потпечено одозгора. Деталите од постапката може да погледнете во видеото ОВДЕ.