Мијалникот е кујнски елемент кој во кујната се користи за миење на садовите. Поради тоа, треба постојано да се одржува чист, а на сите ни е добро позната појавата на честите дамки и бигорот од влагата која што се создава.




Драгана Михајловиќ, на својот канал – Направи Сама-Идеја за Креативци, сподели практичен начин со кој ќе ги отстрани сите нечистотии од мијалникот и за кратко ќе заблеска како нов. Станува збор за подготовка на едноставна мешавина од 2 состојки.

Драгана Михајловиќ




„Овој интересен трик го најдов на социјалната мрежа ТикТок и одлучив да го испробам, па доколку ми успее да го споделам на мојот канал. Со едноставна смеса си го заблескав мијалникот, а на овој начин веќе почнав да ги чистам и другите површини во домот како чешмата, ВЦ школката, туш кабината..” – вели Драгана.




За да ја подготвите смесата за чистење ќе ви бидат потребни следниве состојки: сода бикарбона, средство за миење садови, кујнски сунѓер, четка за фарбање и сува крпа за пребришување.




Во еден сад ставете сода бикарбона, а потоа додајте го средството за миење садови. Користете какво било средство, дури и најевтиното си ја завршува работата. Важно е состојките да бидат во еднаков сооднос, за да се направи паста.




Дури може да треба и малку повеќе средство, но вие ќе си измешате и ќе додадете по потреба. Количината на состојките е по потреба. На пример, доколку чистите мала површина додајте по 2 супени лажици од двете состојки.




Но, и да направите поголема количина од средството, не треба да го фрлате. Едноставно складирајте го во тегличка и чувајте го во фрижидер до некое наредно користење.




Начин на чистење: Подготвената паста се премачкува низ целиот мијалник со четка за фарбање. На некои делови од мијалникот кои имаат повеќе дамки, премачкајте повеќе. Исто така, премачкајте ја чешмата, позади чешмата и околу мијалникот.




Оставете средството да делува 10-15 минути, а потоа со рапавиот дел на кујнскиот сунѓер изрибајте ја секоја премачкана површина. На крајот, мијалникот само се плакне со обична вода.




Исто така, по плакнењето, пребришете го мијалникот со чиста сува крпа. Лавабото веднаш ќе светне и ќе изгледа како сега да сте го купиле. Отворените мали делови на мијалникот, можете исто да ги чистите со оваа смеса и со чепкалка за чистење на уши.




Начинот на чистење е многу едноставен, а притоа ефикасен. Го применувам речиси секоја седмица и сум воодушевена. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.