Дали знаевте дека желадот има лековити својства? Дознајте како да направите напиток кој ја лекува штитната жлезда. Од желад можете да направите напиток сличен на кафе, кој има лековито дејство на штитната жлезда.
Треба да направите залиха од мелен желад, да варите по едно лажиче, еднаш дневно за регулирање на работата на штитната жлезда. Зрелиот желад се лупи и меле. Пред употреба, прво малку пропржете го мелениот желад.
Тоа можете да го направите во ѓезве каде ќе го сварите „кафето”, а потоа ќе го прелиете со 100 мл вода и варете уште 10 минути. Единствена разлика во однос на вистинското кафе е што овој напиток треба да го процедите.
Може да додадете шеќер и млеко. Инаку кафето од желад ја подобрува крвната слика, лекува анемија. Намалува болки во коските и зглобовите, особено кај жени после 40 години од животот и кај жени со менструални проблеми.
Марко Стевановиќ си набрал желади, ги испушил, испекол со сомлел, па сега си приготвува вкусен и здрав напиток, сличен на кафето. Ова е неговото искуство. „Ова кафе е 100% од желади”, вели тој. Рачно го собирав, а потоа го обработив.
На фотографиите можете да погледнете како изгледа желадот, пред и после обработката. Желадот во себе содржи состојка која се нарекува танин. Токму тој му дава горчина на ова „кафе”. Танинот со текот на времето се губи, поради температурата или поради воздухот.
Вкусот е малку погорчлив, па може по желба да се додаде мед или кој што сака. Во 100 г желади се содржат: 140mg Фосфор, 84mg Калциум, 300mg Калиум, 55mg Магнезиум, 25mg Железо, 9mg Натриум, 3,5mg манган, 0,88mg Цинг, 0,7mg Бакар.
Кафето од желади може да се приготвува и пие како и секое друго кафе, а вкусот се прилагодува со додавање на шеќер или мед. Еве за што помага кафето од желади: ја подобрува кр-вната слика, односно ја лекува анемијата која е последица на губиток или недоволен внес на железо во организмот;
Превенција на рахитис кај деца и адолесценти; намалување на костобол и б олки во зглобови, особено кај жени после 40-тите години од животот; во регулирање на работата на штитната жлезда; кај жени со мен-струални тегоби;
Кај проблеми со дигестивниот систем, кај надворешни и внатрешни хемороиди; за секаков вид на проблеми со кр-вните садови и целиот кардиоваскуларен систем; во стабилизација на кр-вниот притисок; за намалување на нивото на холестерол и триглицериди.
Јас ги собирав желадите првенствено поради тоа што може од нив може да се направи леб, па и сè останато. На нашите простори порано многу се користеле желадите во време на глад. Луѓето ги собирале и ги мелеле во мелници, па од нив меселе леб. Затоа во текот на историјата дабот го сметале за „свето дрво”.
Ви ставив слики од секоја постапка, од обработката, па до завршетокот. Секако, може и подобро. Особено што се однесува до мелењето. Тука имав доста проблем. најдобро е желадите да се сомелат на млин.
Јас го мелев во машина за ореви, и после некое време ми откажа (но, мелев голема количина зошто имав порачки). Со ова би сакал да им дадам идеја и на другите, како можат да си приготват лековито кафе од желади и да си решат некој здравствен проблем, завршува Марко.
ЛЕКОВИТО КАФЕ ОД ЖЕЛАД. Многумина и не слушнале за кафето од желад, а толку многу е лековито. За да го приготвите, потребен ви е мелен желад. Значи, потребно е да си наберете потполно зрели плодови од желад кои не се оштетени од влага или од црв.
Желадите се мелат на млин или во машина за мелење месо или било која друга посилна машина, потоа се суши добро како прав и се складира во лимена кутија и се чува на суво и темно место. Секој ден се пропржува дозата што ќе ја приготвувате на многу тивок оган, сè додека да добие темнокафеава боја.
Една лажичка од овој прав од желади помешајте со зовриена вода во шолја од кафе (100 мл), а потоа откако малку ќе отстои, процедете го кафето и додадете мед или шеќер или неколку капки млеко, по вкус. Дневно се пие по една до две шолји вакво кафе, како лек за регулирање на работата на штитната жлезда.