Новиот рецепт од познатиот готвач Том Филос е нешто што мора да го пробате. Доколку сте љубител на деликатесните лепчиња потпечени со малку путер, кашкавал и ситно сечкан млад лук, тогаш овој рецепт ќе го обожавате. Еве како се приготвува пица со лук, во презентација на Том Филос.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г брашно, 170 г топло млеко, 1 супена лажица сув инстант квасец, 1 чајна лажичка шеќер, 1 чајна лажичка сол, малку маслиново масло. За тајниот сос од лук: 5 чешниња лук, 50 г путер, 50 г топено сирење (зденка или слично), 100 г фета сирење, 150 г кашкавал, оригано




ПОСТАПКА: Во подлабок сад за месење излејте го топлото млеко и додајте по лажичка шеќер и сол и малку маслиново масло, околу една лажица, па започнете постепено да го додавате брашното. На почетокот мешајте со лажица, или како Том Филос, веднаш замесете со рака.




Потребни се неколку минути додека брашното да го впие млекото и да се растворат другите состојки. На крај кога ќе го завршите месењето, ќе добиете мазно, средно тврдо тесто кое се одвојува од ѕидовите на садот и не се лепи на рака.

Том Филос – пица со лук




Оставете го тестото во садот и покријте го со проѕирна фолија, па оставете го на топло место околу половина час за да ферментира квасецот и да стаса тестото. За тоа време вие можете да го приготвите сосот со лук.

Том Филос




Исчистете пет поголеми чешниња лук. Во посебен сад истиснете ги лукчињата низ преса (или ситно изрендајте ги/исечкајте ги). Додајте 50 г путер на собна температура и промешајте го со лукат, а на крај додајте и 50 г топено сирење.

Том Филос – пица со лук




Соединете ги добро трите состојки додека да добиете изедначена смеса како крем. Мешајте со лажица или шпатула. Додека да го завршите сосот, тестото треба да е стасано и да ја има удвоено својата големина.

Том Филос – пица со лук




Истресете го на набрашнета работна површина и одозгора наросете го со малку брашно, па со помош на дланките развлечете го во кора со величина на чинија. Развлекувањето завршете го со оклагија додека да добиете величина на голема пица (колку големиот плех од рерна).




По потреба доросувајте брашно за да не ви се лепи тестото. Тенката кора префрлете ја преку оклагијата за да можете полесно да ја префрлите врз плехот (кој претходно сте го обложиле со хартија за печење).

Том Филос – пица со лук




Преку целата површина премачкајте рамномерно со приготвениот сос од лук (распоредете еднакво во тенок слој), па одозгора наросете иситнето (100 г) фета сирење. На крај наросете 150 г рендан кашкавал.




Завршете со малку оригано или листови од босилек (ако имате свежи би било уште подобро). Рерната добро загрејте ја на 200-220 степени, па ставете ја пицата да се пече околу 20 минути или додека убаво да зарумени. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.