Ако некогаш сте ја јаделе, нема да ви се верува колку лесно се прави, чудо од рецепт. Рецепт на Вкусна Минута. Чоколадна торта со бел крем во средина, се прави за брзо, а може да се јаде уште веднаш. Толку лесен рецепт одамна не сум сретнала, а колку е едноставна и вкусна тортата… ммм, прсти да излижеш.




Се подготвува од неколку едноставни состојки. За да ја подготвите тортата ќе ви биде потребно: 350 г брашно, 60 г какао, прстофат сол, 10 г прашок за печиво, 10 г ванилин шеќер, 200 г шеќер, 2 јајца, 100 мл масло, 200 мл млеко, 200 мл зовриена вода.




И уште: половина лажичка прашок за печиво, 1 мала лажичка јаболков оцет, 150 г путер (претходно отстојан на собна температура), 220 г кондензирано млеко, 100 г чоколадо и уште 50 мл млеко. За да го направите кондензираното млеко во домашни услови, прочитајте повеќе во текстот ОВДЕ.




Постапка: Во подлабок сад се додаваат следниве состојки, просеани низ сито: брашното, какаото, прстофат сол, прашокот за печиво, ванилиниот шеќер, обичниот шеќер и се соединува со рачна жица за матење.




Во друг сад се кршат двете јајца, се додаваат маслото и млекото и се соединува со миксер. По соединување, се додава зовриената вода и се продолжува со матење. Постепено се додава смесата од суви состојки, додека матите со миксерот.




Смесата не ја додавајте наеднаш, тоа нека биде малку по малку, за да не се формираат грутки. Кога ќе изматите чоколадна смеса, преминете со матење со лажица. Сега додајте уште половина лажиче прашок за печиво и 1 лажичка јаболков оцет и вметнете го во смесата со мешање со миксер.




Смесата прелијте ја во правоаголна тава, обложена со хартија за печење и печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 15-20 минути. По печењето, оставете кората малку да се излади, а во меѓувреме пресечете ги нерамните краеви.




Во посебен сад изматете 150 г путер, претходно отстојан на собна температура, па додајте го кондензираното млеко и изматете сè заедно додека добиете конзистентност слична на шлаг. Крајчињата кои претходно ги пресековте од тортата, сомелете ги во блендер.




Оладената кора пресечете ја на половина и премачкајте ја со белиот фил од путер и кондензирано млеко. Добро распоредете низ целата површина, а одозгора ставете ја втората кора. Зачувајте си малку од филот за премачкување по страните.




Премачкајте ги страните на тортата и на овој начин, искористете ги трошките од крајчињата на кората. Прво премачкајте со филот, а потоа ‘залепете’ ги трошките од страна. На крајот преостанува да ја подготвите глазурата од чоколадо и млеко.




Стопете го чоколадото заедно со млекото на пареа или тивок оган, а потоа премачкајте ја површината на тортата. Тортата се послужува пресечена на коцки, а може веднаш да се јаде или да оставите малку да се стврднат филот и глазурата во фрижидер. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.