РОЛАТ ОД ТИКВИЧКИ, без пржење, воопшто не се масни, за 20 минути е готов. Рецепт од каналот Свежи Рецепти. Тиквички во ролат, без да валкате многу садови, се послужува наместо салата, а ја декорира целата трпеза.

Верувајте не е доволно да направите 1 ролат, затоа што веднаш ќе се изеде. Многу е вкусно, а едноставно се подготвува, нема да ви одземе многу време, а сите ќе ве пофалат за креативноста.




Потребни состојки: 2 големи тиквици, 6 јајца, рикота или некое друго меко сирење, а може и урда или крем сирење, 3 чешниња лук, сол, црн пипер, копар по вкус. Во продолжение прочитајте ја постапката и уште еден рецепт за похувани тиквички.

Постапка: Земете една тиквица и цела изрендајте ја на ренде. Потоа изматете ги шесте јајца, посолете ги и во нив додајте ја ренданата тиквица. Убаво промешајте ја смесата, па другата тиквица исечете ја на ситни кругови.




Уште поубаво би било доколку на рендето имате специјална страна за сечкање на тенко, па на тоа би било одлично да ја исечете втората тиквица. Во тава со поставена хартија за печење прелијте ја смесата со јајце и убаво распоредете ја.

Врз неа наредете ги тенко исечените тиквици, една до друга, а некои може и да се преклопуваат. Важно е да ја исполните целата тава со нив. Ставете на печење во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 20-тина минути.




Во меѓувреме, во рикота или крем сирењето, ситно исечкајте или издробете ги чешнињата лук и додајте ситно сечкан свеж или сув копар. Супер би било доколку додадете свеж копар. Измешајте го филот.




По печењето, оставете малку кората да се излади, а потоа извадете ја од плехот заедно со хартијата за печење. Одозгора поставете уште една хартија за печење, па превртете ја кората така што јајцата сега да бидат одозгора. Кората треба целосно да излади пред филување.




Премачкајте со филот од сирење, копар и лук, подеднакво насекаде, па завиткајте во ролат. Ролатот се обвиткува во хартијата за печење и се става да отстои во фрижидер 1 час пред да се исече на парчиња и да се послужи. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.




II РЕЦЕПТ. Похувани тиквички со сусам од рерна – однадвор крцкави, а внатре сочни. Рецепт и видео презентација на Ивана од Шерпица – Похувани тиквички со сусам од рерна – однадвор крцкави, а внатре сочни. Многу, многу вкусни. Однадвор крцкави, внатре сочни, многу добар вкус.




Самата подготовка е многу брза и поеднаставна, бидејќи се пече во рерна и не троши многу масло. Уживајте во рецептот и комбинирајте го со салати, сосови или прилог од зеленчук.

Потребни состојки: 2 средни тиквички, 4 јајца, 150 г пармезан, 3 лажици сусам, 5 лажици презла, 3 лажици брашно, сол и масло (2 лажици за цела тепсија).




Постапка: Тиквичките добро измијте ги и исечете ги на тркалца или надолжно на тенки ленти. Посолете ги и оставете ги малку да ја испуштат течноста од нив. Потоа процедете ги од вишокот течност.

Во еден сад измешајте брашно, презла, пармезан, сусам, а во друг сад изматете ги јајцата и посолете ги. Секоја тиквичка прво натопете ја во јајцата, па во мешавината од пармезан, па повторно во матените јајца и на крај во сувата мешавина.




На овој начин ќе го обезбедите надворешниот слој, кој откако ќе се испечат тиквичките ќе им даде дополнителна вкусност и крцкавост. Вака подготвените тиквички редете ги во плех обложен со хартија за печење и малку намастен со четка натопена во масло.




Врз секоја тиквичка ставете по некоја капка масло, па ставете да се печат приближно 20-25 минути во загреана рерна на 200 степени. Уживајте додека се топли, но и кога ќе изладат се супер. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.