Лекарите велат: „Млад си, колку што ти се млади к рвните садови”. Ова е стар рецепт од книгата „Пелагица” и според пишаниот рецепт се приготвува вака: 1,2 литар вода се зоврива, па се тргна од огнот и се остава да излади. За тоа време се чистат точно 40 чешниња лук и се мијат 3 непрскани лимони.




Лукот се ситни низ преса а лимонот се сечка на коцки заедно со кората (семките се вадат). Лукот и лимонот се додаваат во водата, па повторно се остава да се загрее до пред зовривање. Веднаш се трга на страна и се остава поклопено да преноќи. Наутро се процедува, а течноста се складира во стаклено шише. Се добива точно еден литар.




Употреба: се пие наутро по една ракиена чаша додека целата количина да се потроши. После десет дена пауза кој сака може да ја повтори постапката. Ги чисти кр-вните садови и го намалува холестеролот и триглицеридите – тоа лично го проверив, вели Лила Ланго.




-Овој ваш рецепт мојата снаа му го приготвуваше на брат ми, а докторката не можеше да верува дека му се намалиле маснотиите, ви благодарам – ја потврдува ефикасноста Аида Џидиќ. Следниот рецепт и презентација е на Луна, која исто така ја потврдува ефикасноста на овој природен лек:




-Јас го користам еднаш годишно овој еликсир на младоста, а може да се користи и 2-3 пати. Еликсирот е добар за подмладување на организмот, чистење на крвните садови особено ако тие се затнати од плаки, за регулирање на холестеролот и крвниот притисок, вели Луна.




Рецептот е едноставен и се приготвува од природни намирници. Потребни состојки: 1 кг лимон, 300 г лук исчистен и 1,5 литар вода. Постапка: водата се става на оган да зоврие, па се намалува температурата на умерено.




Во водата се додаваат сомелени лук и лимон со кора (исчистен од семките) и на тивок оган се вари 15 минути. Потоа се трга на страна да излади. Се складира во стаклена тегла и се чува во фрижидер.




Употреба: 25 мл наутро, 25 мл навечер, во текот на 25 денови. Се прави пауза од 10 дена, па ја повторува постапката додека да се искористи целата количина. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.







pixabay.com