Најдобрите природни лекови против вирусни инфекции, кашлица, настинка, грип и зајакнување на имунитетот. Лековитите билки се вистинска ризница за здравјето и можат да помогнат во зајакнувањето на имунитетот, а некои од нив се користат со години за лекување на одредени болести. Во продолжение прочитајте неколку од најдобрите лекови за зајакнување на организмот и опоравување од болести.




РЕЦЕПТ 1. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 поголема главица кромид неизлупен, 4 ореви во лушпа поткршени и 4 чаши вода.

ПОСТАПКА: Кромидот убаво се мие и се сече на 4 дела. Оревите исто така убаво се мијат, се поткршуваат, па заедно со кромидот се ставаат во вода да вријат околу 15-тина минути. Потоа се остава малку да излади, се процедува и се засладува по потреба со мед. Се пие во текот на целиот ден.




РЕЦЕПТ 2. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кромид излупен, 1 цело јаболко органско, неизлупено, 1 орев во лушпа, 3-4 чаши вода или по потреба.

ПОСТАПКА: Една главица стар кромид, излупен, едно цело јаболко со лушпа (претходно измиено) и еден орев стар-убаво измиен и само накршен, напукнат (да не биде исчистен од тврдата обвивка). Сето тоа се вари 10-20 минути, да се добие темна течност, се процедува и се пие. Може да се додаде отпосле и малку мед.




РЕЦЕПТ 3. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 мл вода и 1 лажичка сува жалфија или 1 гранче свежа жалфија. ПОСТАПКА: Откако ќе зоврие водата се става билката и се остава да врие точно 3 минути. Се процедува и се пие како чај.

РЕЦЕПТ 4. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: ½ лажичка жалфија, 1 шолја млеко, 1 лажичка свинска маст и ½ лажичка сода бикарбона.

ПОСТАПКА: Половина лажичка жалфија се става во врело млеко и се остава да врие точно 3 минути. Потоа се додава лажичка свинска маст и половина лажичка сода бикарбона. Се пие свежо приготвено во мали голтки. Се препорачуваат три шолји дневно, додека трае кашлицата.




РЕЦЕПТ 5. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 мл вода, 4-5 помали главици кромид, малку цимет и неколку ловорови листови.

ПОСТАПКА: Кромитчињата измијте ги и заедно со лупшата, пресечени на поголеми парчиња ставете ги да вријат додека да остане третина од првобитната количина. Пред крајот од готвењето додајте неколку ловорови листови и малку цимет.




РЕЦЕПТ 6. Во половина литар вода ставете пет цели измиени ореви и накршени и три помали или две главици кромид, исто така претходно измиени и расечени, со лушпа. Варете додека водата да се намали на третина, процедете и пијте како чај. На кој не му се допаѓа, може да додаде и мед.




РЕЦЕПТ 7. Потребни состојки: 1 главица кромид, измиена и неизлупена, 7 суви карафинлчиња, 3 ореви (може и само јатки да бидат) и 500 мл вода.

Постапка: Кромидот измијте го и исечете го на четвртинки, а во него набоцкајте ги каранфилчињата. Ставете ги состојките да се варат околу 10 минути. Потоа оставете уште 5 минути да отстојат на изгасена рингла. Процедете и пијте го топло.




Рецепт со лук, лимон и мед за да го забавите процесот на cтаpеење

Подготовка: Ситно сомелете 10 главици лук и добро промешајте со 1 кг мед и сок од 10 лимони. Ставете ги состојките во тегла, затворете ја теглата и оставете да отстои 8 – 10 дена. Конcyмирајте двапати на ден, пред оброк по една лажица од смесата.




Исто така и копривата се покажала како доста ефективен билен лек кој го зајакнува имунитетот, ги смирува симптомите на ревматизам и артритис, го намалува кр-вниот притисок и шеќерот во кр-вта, помага при главоболки и несоница, ги елиминира проблемите со кожата, ги уни-штува цревните паразити, ја храни и зајакнува косата.

Рецепт за чај од коприва: Добро измијте и ситно исечкајте 2 лажички лисја од коприва. Прелијте со 250 мл врела вода. Поклопете и оставете да отстои околу пет минути. Откако ќе го процедите чајот, испијте го.




Лута црвена пиперка – богата со витамини Ц и А

Бројни експерти наведуваат дека модерната медицина дури неодамна започнала да го препознава она што домородните народи на американскиот континент го знаеле пред илјадници години – капсаицинот и другите елементи на лута пиперка се корисни за зачувување на здравјето на сосем природен начин.




Лутата пиперка директно влијае на зголемената секреција на серотонин, допамин, окситоцин и ендорфин, хормони одговорни за добро расположение. Богата е со витамини Ц и А, има антиинфламаторно дејство, ја ублажува б олката, ја подобрува циркулација на кр-вта и го загрева телото.

Рецепт за масло од лута пиперка за б олки во зглобовите

Потребни ви се 10 свежи црвени лути пиперки, 2 чаши ладно цедено маслиново масло, стаклена тегла од 1 литар. Измијте ги пиперките, исечете го делот каде што е дршката и сомелете ги. Префрлете ги во стаклена тегла и прелијте го маслото до врв. Оставете на темно место да отстои 7 дена, а потоа процедете ја содржината преку газа или цедалка.