Потребни состојки: 3,5 кг сечкани пиперки, 2 главици лук, ситно сечкан, 1 кг морков исечен на коцкички, 1 китка магдонос, 2-3 лути пиперки кој сака, не мора, ½ кесичка црн пипер во зрно, 200 мл масло, 200 мл оцет, 3 супени лажици сол, 2 литри варен доматен сос и 1 конзерванс
Постапка: Во поголемо тенџере ставете го доматниот сос, маслото, оцетот, додајте шеќер, сол и конзерванс. Кога ќе проврие прво додајте го морковот, па кога ќе биде до половина сварен додајте ја пиперката и варете додека да омекне пиперката.
Додајте го лукот и сечканиот магдонос. Варете само уште неколку минути и веднаш складирајте во загреани тегли. Со дрвено стапче или со дршката од дрвената лажица истиснете го воздухот, поклопете и превртете ја теглата на неколку минути за да се вакумира.
Прекријте ги теглите и оставете ги да изладат. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ. Погледнете го и следниот рецепт за Ловечка салата, овојпат според малите тајни на Тања од „Кујната на Тања“.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг домати, 2 кг пиперки, 4 главици кромид, 1 цела главица лук, 500 г моркови, магдонос една китка или по вкус, 100 г шеќер, 100 г сол, 100 мл бел оцет 9%, 100 мл масло, 2 ловорови листови
ПОСТАПКА: на почетокот исчитете го кромидот и исечкајте го крупно за да го собере во блендер или сечко. Потоа сомелете го и префрлете го во големо тенџере. Доматите измијте ги, отстранете го тврдиот дел, па исечете го крупно.
Потоа ставете го во блендер и сомелете го во кашеста смеса, па додајте го во тенџерето со мелениот кромид. Ставете на оган, па од моментот на зовривање намалете на умерена температура и гответе околу половина час со повремено промешување.
Додека се готват доматниот сос заедно со кромидот, во меѓувреме измијте ги пиперките, исцедете ги, исчистете ги од семето, па исечете ги на коцки. Потоа измијте ги и исчистете ги морковите, па исечкајте ги на тркалца.
Една цела главица лук исчистете ја, а чешнињата ставете ги во сечко или блендер, па ситно сомелете ги. После половина час готвење на доматното пире и кромид, додајте го исечканиот морков.
Потоа додајте ги сечканите пиперки и ситно исечканиот лук. Во мешавината додајте 100 г сол, 100 г шеќер, 100 мл бел оцет 9%, 100 мл масло и два ловорови листови. Добро промешајте и продолжете со готвење.
Смесата потребно е да се готви со повремено промешување уште еден час или час и половина, во зависност од зеленчукот колку е сочен. Се готви на пониска температура.
Пред крајот додајте ситно сечкан магдонос. Извадете го ловориот лист. Промешајте и полнете во тегли. Затворете ги цврсто со метални капаци, покријте ги со ќебе и оставете ги да се оладат. Деталите погледнете ги ОВДЕ.