Кога во ракијата ќе се додаде морска сол, се добива многу ефикасен природен препарат кој ја подобрува циркулацијата, ја загрева кожата, го извлекува вишокот течност од ткивата и ги намалува отоците.
Овој домашен препарат делува против б олки и шинувања на мускулите и неpвите, како и при разни воспаленија, дислокации и б олки кои се јавуваат во зглобовите, зглобните места и коските.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Две супени лажици морска сол и половина литар ракија сливовка (сливка). Постапка: ракијата ставете ја во едно тенџере и малку загрејте ја. потоа додајте ја морската сол и мешајте додека убаво да се растопи.
УПОТРЕБА: Во добиената течност натопете памучна крпа или газа и ставете ја на б олното место како облога. Фиксирајте со проѕирна фолија и компресивен завој. Облогата оставете ја да делува два часа.
По изминатото време отстранете ја облогата, измијте го местото со млака вода и премачкајте го со некоја лековита маст или масло. Постапката повторувајте ја по потреба. За хронични б олки користете трипати дневно во текот на 20 дена.
Исто така, со морска сол можете да приготвите и одлично лековито средство со кое можете многу да си помогнете во олеснување на гореспоменатите тегоби. Имено, својствата на солта и сите микроелементи кои ги содржи, многу полесно влегуваат доколку се растворат во маслиново масло.
РЕЦЕПТ: Во зависност од количината која ви е потребна, пригответе смеса со која ќе можете да ја покриете зафатената област. На една лажица морска сол додајте две лажици квалитетно маслиново масло.
Промешајте добро додека солта да се раствори и изедначи со маслото. Оставете вака да отстои најмалку 48 часа со повремео протресување на тегличката. Потоа, со оваа сол можете да ги мачкате б олните зглобови и зафатените места.
Масажата започнете ја со 2-3 минути, со кружни и енергични движења. Потоа започнете постепено да го зголемувате времетраењето, додека да стигнате до 20 минутно траење на единечна масажа.
После масажата пребришете го местото со влажен и топол прешкир, па нанесете некоја лековита маст или крем. Со овој третман се стимулира обновувањето на ‘рскавицата, бидејќи овозможува зголемување на циркулацијата и поголема исхранетост на ткивото.
После само десет дена ќе забележите позитивни резултати. Можете наизменично да правите масажи со солемо масло и облоги од солена сливка, со пауза од два часа помеѓу третманите.