Според народните верувања, повеќе не треба да се влегува во реките и практично, готово е со летото. Ова и некои други стари верувања кои се задржале до денес, прочитајте ги во продолжение на текстот.
Македонската прасловна црква на 19.август го слави Преображението на Господ Исус Христос на Тавор.
Овој празник е посветен на сеќавањето за настанот Христовото преображение на гората Тавор кога тој го најавува своето претстојното стра-дање и слава.
Празникот Преображение Господово се вбројува меѓу 12 големи Христови празници.
Во црква на Преобразение, во знак за благодарност на Бога за плодовите кои ги дава земјата, се осветува грозјето и се дели на народот, а во оние краишта каде нема грозје, се дели некое друго овошје.
Празникот Преобразение Господово е посветен на моментот кога, како што вели христијанското предание, Христос на гората Тавор пред апостолите се преобразил и засветил како сончева светлина.
„Затоа ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован и излезе со нив ноќе на гората Тавор и таму се преобрази пред нив.
И заблеска лицето Негово како сонце, а облеката Му побеле како снег. И се појавија покрај Него Мојсеј и Илија, големите старозаветни Пророци. И видоа учениците и се восхитија.
И Петар рече: „Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме три сеници: една за Тебе, за Мојсеј една, а една за Илија“.
Но, додека Петар уште говореше, се оддалечија Мојсеј и Илија и сјаен облак ги опфати Господ и учениците и дојде глас од небото:
„Овој е Мојот возљубен Син, Него послушајте Го.“ Откако го слушнаа овој глас учениците паднаа ничкум на земјата како мртви и останаа така лежејќи во страв додека Господ не им пријде и рече: „Станете и не б ојте се“
Секој празник и неговите обичаи се поврзани за годишното време. Затоа кај народот обично се вели дека од Преображение главно нема повеќе големи горештини. Исто така, некогаш се верувало дека Преображение е последниот ден за бањање во реките.
На Преображение се преобразува листот во гората и каменот во водата; лисјата почнуваат да жолтеат и паѓаат, а водата станува сè постудена. На Преображение и небото, на полноќ, трипати се преобразува.
Според распространетото верување, на овој ден не треба преку ден да се спие, бидејќи кој ќе отспие – ќе се преобрази, па цела година ќе биде дремлив. Не е добро ниту некој да плаче, а ниту луѓето денот да го поминат во кафеана.
Се верува дека тоа ќе им премине во навика, па ќе станат „растурикуќи“. Преображението паѓа во Богородичниот пост кој во најголем број го постат жените, но тој ден е обичај да не се мрси, односно дозволено е да се јаде риба.