Овој одличен и едноставен метод ќе ви помогне да ги отстраните налепниците и лепакот од старите тегли и шишиња. Можете да го користите за различни површини каде не би сакале да има налепница.




Сигурно ви остануваат стари тегли од нешто што сте го купувале изминативе години. Сега, бидејќи е дојдено време да се приготвува зимницата, препорачливо е да се купуваат нови тегли.




Меѓутоа, старите тегли можете да ги измиете, да им ги извадите налепниците и да ги стерилизирате, па ќе ги искористите за вашата зимница и дополнително ќе заштедите пари.




Со овој метод, колку и да биле стари теглите, тие повторно ќе заблескаат како да се нови. Ќе успеете без многу труд да ги отстраните не само етикетите, туку и лепакот, кој всушност е најтврдокорен.




После третманот, едноставно наредете ги во машина за садови ако имате, но може и рачно да ги исперете, па ќе добиете гланц-нови тегли. Во нив можете да ставате ајвар, доматен сос, шарена салата, ловечка салата…




Можете да ги користите за сè што сте планирале да правите зимница. За чистење на теглите потребна ви е врела, зовриена вода. Теглите и шишињата прелијте ги со таа вода и оставете ги да отстојат половина час.




Со помош на дрвена лажица или шпатула, отстранете го првиот слој од етикетата, односно хартијата. Од некои тегли и шишиња, веднаш и многу лесно сè излегува без проблем.




Меѓутоа, во зависност од видот на лепакот кој бил користен, кај некои не излегува долниот слој од етикетата. Лепакот ќе го отстраните со помош на масло, ацетон или медицински бензин.




Натопете крпа во масло, ацетон или медицински бензин, па истријте го лепакот. Најдобар и најбрз ефект се постигнува со бензинот. После овој третман теглите потребно е добро да ги исперете со детергент и вода.




Ако сте користеле ацетон или бензен и ако планирате теглите да ги исперете во машина за садови, тогаш се препорачува барем малку, претходно теглите рачно да ги измиете со детергент.




Деталите од целата постапка со објаснувањето на Ивана, можете да го погледнете и слушнете во видеото ОВДЕ.