Првите резултати може да се очекуваат веќе за еден месец, но важно е да бидете истрајни и ова да биде ваша нова утринска пракса која ќе ја спроведувате секој ден. Овој мини коктел го чисти црниот дроб, дава енергија, го потпомага дигестивниот тракт и празнењето на цревата, а кожата ја прави свиленкаста, чиста и убава.
Комбинацијата од маслиново масло и лимонов сок му помага на организмот да се исчисти од токсините, а првите резултати може да се забележат после еден месец. Што треба да направите?
Измешајте 1 лажица маслиново масло и 1 лажица лимонов сок. Испијте го овој мини коктел рано наутро кога ќе станете од спиење, пред било што друго да испиете или изедете. Потоа можете да уживате во вообичаениот појадок или напиток кој си го практикувате.
Мешавината од маслиново масло и лимонов сок помага многу за подобро функционирање на дигестивниот тракт и претставува ефикасно средство против опстипација и останати проблеми со цревата.
Луѓето кои готват со маслиново масло, го додаваат во салати или го макаат лебот во него, имаат 41% помала веројатност дека ќе доживеат мозочен удар за разлика од оние кои никогаш не го консумираат. Истражувачите кои направиле анализа и испитале речиси 8000 луѓе, истакнуваат дека луѓето имаат век на живеење доколку консумираат нерафинирано маслиново масло.
Лимонот е многу благопријатен за кожата. Исто така, помага во прочистувањето на крвта. Организмот ако го “храните” со лимон, подобро произведува крвни клетки.
Резултатите од овој мини коктел се генијални: исфрлање на токсините, подобро здравје, повеќе енергија и поубава кожа. Испробано!