Видео презентација и рецепт на Аурора рецепти – Пита со сирење, мека како душа. Откако ќе го прочитате рецептот, многумина ќе се сложат дека истиот е многу сличен и потсетува на вкусните Охридски пинерлии.
Печивото е многу вкусно, меко како памук, еден вис совршенство од квасно тесто полнето со сирење. Оваа пита мајка ми често знаеше да ни ја приготви, бидејќи е најубава од сите други – Аурора.
Потребни состојки за тесто: 300 мл млако млеко, 8 г сув квасец (една кесичка), 1 лажичка шеќер, 500 г брашно, 60 г растопен путер, 1 лажичка сол. За фил: 200 г ситно сирење и 2 јајца И уште: 150 г путер и 1 јајце за премачкување.
Постапка: во подлабок сад ставете 250 мл млако млеко, а подоцна додајте уште приближно 50 мл ако е потребно. Додајте една кесичка сув квасец, 1 лажичка шеќер и убаво промешајте за да се растворат состојките.
Во течноста додајте половина од брашното, солта и растопениот путер, промешајте, па додајте го остатокот 50 мл од млекото и додека го замесувате тестото постепено додавјте брашно, во зависност од тоа колку ќе впива од влажноста.
Потоа тестото истресете го на малку набрашнета работна површина и домесете го убаво додека да стане еластично и да не се лепи за рака. Измесеното тесто вратете го во садот и покријте го со фолија за да стасува 15 минути.
Нема потреба од многу стасување, доволни се 15-20-тина минути, особено ако овие печива ги правите летно време кога температурите се доста високи. Во посебен сад ставете го ситното сирење и додајте две јајца.
Едно јајце ќе ви остане за премачкување, а во посебна чинија растопете 150 г путер. Тестото со помош на оклагија развлечете во тенка кора 40х50 см со правоаголна форма (слично за бухтле).
Преку целата површина премачкјате ја кората со приготвениот фил од сирење и јајца, па исечете ја три еднакви ленти. Од секоја лента-кора свиткајте по еден мал ролат, така што ќе добиете три ролати.
Плех или калап со димензии 23х23 см обложете со хартија. Од секој ролат отстранете ги крајчињата, па сете парчиња со должина од 4-5 см (по пет од секој ролат). Би требало ролатчињата да ви бидат со иста големина.
Исечените парчиња-ролатчиња потопувајте ги во чинијата со растопениот путер и редете ги во плехот. Со преостантиот путер уште малку премачкајте ги пинерлиите одозгора, а потоа и со една разматена жолчка.
Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени, па кога убаво ќе се загрее ставете ги да се печат 30-40 минути. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.