Перењето на алиштата и сè што е од ткаенина е неизбежно кога станува збор за одржување на хигиената, но тоа, исто така е работа која најмногу може да се прилагоди според потребите на домаќинството со примена на разни домаќински мудроштини.




Така на пример, имаме откриено како белите алишта да станат уште побели, како со еден потег да и го продолжиме векот на траење на машината за перење алишта, а овојпат еден научник откри како треба да постапите за да не ви станат пешкирите груби, како шмиргла.




Доктор Карл Крушелнички, кој е вистинска „ѕвезда“ на популарната наука со диплома од медицина и биомедицинско инженерство, додека гостуваше на едно радио, откри една интересна работа.




Имено, сите се соочуваме со истиот проблем со пешкирите: после неколку перења, откако тие ќе се исушат стануваат груби, тврди, крути и ја губат онаа мекост на влакненцата, и покрај тоа што сте употребиле омекнувач.




За овој проблем доктор Карл има едноставно решение: „За да одбегнете пешкирите да ви станат крути и груби, задолжително веднаш после перењето и вадењето од машината, енергично истресете ги.




Откако убаво ќе ги истресете дури тогаш закачете ги на жицата за сушење. Имено, пешкирите како и другите испрани ткаенини, секогаш треба добро да се истресат пред да се зачат на жица за сушење.




На овој начин доаѓа до растресување на влакненцата, тие ќе се опуштат и при сушењето нема да се залепат и закорават. Пешкирите ќе бидат меки, облеката помалку изгужвана, а со самото тоа, нема да морате со часови да пеглате. А како белите алишта да бидат уште побели прочитајте подолу:




Потребни состојки: 325 мг аспиpин и 2 литри вода. Постапка: загрејте ја водата и во неа додајте иситнети 325 г аспиpин. Мешајте додека да се раствори. Во оваа течност потопете ги пешкирите и другите бели алишта.




Оставете да киснат вкупно седум часа, а потоа исперете ги вообичаено. Исто така, таблетите аспиpин можете да ги ставите завиткани во пешкирите и така да ги ставите во машината за перење.




На овој начин, кога ќе се вклучи програмот за перење, природно ќе си се растопат таблетите и ќе делуваат врз ткаенината. Аспиpинот е толку ефикасен поради својата киселина која ја содржи во себе.




На овој ефикасен начин нема да имате потреба да трошите пари на скапи избелувачи, а сивите алишта повторно ќе ви светнат со блескаво бела боја. Пробајте и споделете ги вашите искуства, пишува НМД.мк