Home Здравје Исфрлете ја слузта од белите дробови и веднаш подобрете го имунитетот

Исфрлете ја слузта од белите дробови и веднаш подобрете го имунитетот

Белите дробови се еден од најважните оpгани во телото, бидејќи се задолжени за правилна инxалација и снабдување со кислород, како и исфрлање на јаглеродниот диоксид, надвор од организмот.




Ако имаме затнат нос или затнати синусни канали, а што најчесто се случува поради вишок слуз, тогаш, начинот на дишење може во голем мера да влијае и врз здравјето на белите дробови.




За да имате силен имунолошки систем мора здраво да се храните, да бидете физички активни, но исто така, од особена важност е редовно да ги прочистувате дишните канали.




Повремено или редовно можете да го прочистувате носот и каналите со солена вода приготвена од раствор на морска сол, како и да правите инхалации со лековити билки, секогаш кога за тоа има потреба.




<

Следниот рецепт за лековит напиток ќе ви помогне на лесен начин да ја исфрлите вишокот слуз која се налепила врз слузокожата. Она што е одлично кај овој напиток, е што можат да го пијат подеднакво и деца и возрасни, бидејќи целосно е природен.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г овес (интегрално зрно), 1 шолјичка мед (70 мл)
и една шаша вода (200 мл). Постапка: најпрво добро измијте го овесот со ладна вода. Стравете го во цедалка да се исцеди.




Испраниот овес ставете го во тенџере, прелијте го со чаша вода и ставете го на рингла да зоврие. Откако ќе зоврие, варете го уште неколку минути, па поклопете го и тргнете го на страна.




Кога ќе стане млака течноста, додајте 70 мл мед и промешајте да се раствори. Повторно поклопете го тенџерето и вака оставете го да отстои преку цела ноќ. Следниот ден процедете го низ цедалка.




Лековитата течност складирајте ја во стаклено шише или тегла и добро затворете ја. Се чува во фрижидер, а доколку добро го затворате шишето, нормално рокот на траење е седум дена.




УПОТРЕБА: Се пие по 30-40 мл од оваа лековита течност, на празен стомак, наутро веднаш штом ќе станете. Овој напиток, исто така е погоден и за деца. Треба да се пие во текот на 40 дена непрекинато.




Не ги пропуштајте деновите и навремено приготвувајте нов напиток за да немате прекини. Ќе забележите дека слузта постепено ќе почне да се намалува, а дишните канали ќе стануваат сè попроодни.