Лубеницата е сочно и мирисно овошје, а дава освежување кое ретко со друго што би можело да се спореди. Омилена е на многумина луѓе кои со нетрпение чекаат да дојде летото, токму поради лубениците.




Меѓутоа, при купувањето неретко доаѓа и разочарувањето. Понекогаш, некоја лубеница ни личи дека е совршена надворешно, но кога ќе ја пресечеме добиваме само една топка полна со вода, без мирис и вкус.




Многумина од нас се обидуваат да ја потчукнат лубеницата, па според звукот да „оцениме“ дали е зрела, сочно и блага. Но, еден искусен фармер вели дека тоа е глупост, а многумина тоа го прават само затоа што така слушнале дека треба, а не дека вистински знаат да го препознаат звукот.




Тој вели дека постојат неколку начини според кои ќе си ја одберете највкусната, таман зрела и сочна лупеница, меѓу купот сите останати. За тоа ќе треба надворешно да ја набљудувате, но и да ја вагате. Еве како:




Прво, лубеницата мора да има правилна форма. Зидовите да бидат мазни и рамнимернои, да нема вдлабнивања ниту испакнувања. Одбегнувајте лубеници кои имаат чворови и изгледаат неправилно.




Одбирајте лубеница која нема меки дамки на неа или оштетувања. Разгледајте ја убаво од сите страни, а сомнителните места притиснете ги со прстот. Ако почувствувате мекост во кората, оставете ја таа лубеница.




Второ, мора да ја извагате и да ја проверите нејзината тежина. Една зрела лубеница тежи многу повеќе од некоја што не е созреана доволно. Дополнителната тежина е индикатор дека лубеницата е преполна со вода, но и со вкус.




За да го утврдите погоре наведеното, земете неколку лубеници со иста визуелна величина, и сите една по друга извагајте ги. Одберете ја и купете ја онаа која тежи најмногу меѓу нив.




Третата важна работа е да го побарате жолтото место кое секоја лубеница го има. Имено, таа дамка е местото каде што лубеницата лежела на земја. Колку оваа дамка е пожолта, толку лубеницата е позрела.




Дефинитивно треба да ги одбегнувате оние лубеници кои имаат бледа дамка или целосно бела дамка, бидејќи тоа значи дека лубеницата била прерано набрана. Кога ќе ја отворите ќе биде розова и без блажина.




Ова се советите на искусниот фармер, кои се надеваме дека ќе ви користат во иднина при изборот на лубеница. Доколку имате и вие некое искуство и начин за препознавање на зрелите лубеници, споделете го со читателите на НМД.мк