Несомнено оревите се едни од најкорисните намирници, кралеви меѓу јаткастите плодови. Се користат како храна, но и како лек бидејќи изобилуваат со бројни лековити својства. Судија и истражување можете да прочитате ОВДЕ.

Единствена мана, е што препорачаната дневна консумација е околу една рака, односно 4-5 ореви дневно, а не повеќе.

На сите им е добро познато нивното својство да ја подобруваат концентрацијата и меморијата, па оревите се омилената храна на сите студенти пред испит или некое друго ментално оптоварување.

Меѓутоа, многу почесто се говори за јатката на оревите, отколку другите негови делови.

Кога ќе се земе во целина, оревот е лековит и може да се ползува во лековити цели започнувајќи од листовите, кората, па сè до плодовите, оние зелените, но и веќе созреаните, дрвенести лушпи, прегради и јатки.

Јатките поседуваат огромна количина на хранливи материи, но исто така, малкумина знаат дека и преградите што се наоѓаат внатре во јадрото, изобилуваат со голема количина на биолошки активни супстанции.

Преградите од орев содржат уникатен хемиски состав, најмногу јод, натриум, калиум и магнезиум;

-витамин Б, Ц, Е, А, Д и ПП, танини, амино киселини, антиоксиданти кои го спречуваат предвременото стареење и имаат еден куп придобивки кои решаваат голем број здравствени проблеми.

На пример, може да се користат кај состојби како што се нарушување на активноста на тироидната жлезда и ендокриниот систем воопшто, проблеми со желудникот, цревата и имунолошкиот систем.

За оваа намена најчесто се користи тинктурата од оревови орегради. Како се приготвува оваа лековита тинктура? Секако, потребни ви се оревови прегради добиени од 1 кг ореви и вотка најмалку 40%

Значи, земете еден килограм ореви во тврда лушпа и исчистете ги како што вообичаено постапувате за да ги извадите јатките. Овојпат, јатките ставајте ги во еден сад и искористете ги за јадење, а тенките прегради собирајте ги во друг сад.

Потоа, преградите прелијте ги со врела вода и оставете ги така да отстојат пет минути.

Процедете ја водата и распостелете ги преградите врз памучна крпа за да се исушат од влагата. Потоа ставете ги во една голема стаклена тегла и прелијте ги со еден литар вотка.

Затворете ја теглата и цврсто затворете со капакот. Оставете ја теглата 3-4 дена на ладно и темно место, по што потребно е добро да ја протресете. Потоа оставете ја така уште 3-4 дена (вкупно една недела).

Процедете ја и тинктурата складирајте ја во темно шише и чувајте ја на ладно и подалеку од сончеви зраци за да не се намалат лековитите својства.

Вака приготвената тинктура има рок на траење најмалку три години. Се користи трипати на ден пред јадење, по 5-7 капки разредени во лажица вода. Истата тинктура можете да ја користите како облога за смирување на болките во зглобови.

НАПОМЕНА: Пред примена и употреба на препарати од народната медицина, секој треба да се советува со својот лекар.