Го прочитав овој метод на некое место и верувајте, не поверував дека е можно. Затоа решив да го испробам, зошто ако не се свареа пченките за 10 минути, можев да ги вратам назад на рингла и да ги доварам додека бидат готови.
Но, сепак оваа мудроштина сепак успеа! Пченките се сварија совршено, па дури излегоа и повкусни од вообичаено. Сите дома бевме воодушевени, особено децата, па затоа одлучив да го споделам овој рецепт со вас – Александра.
РЕЦЕПТ: Во тенџере со ладна вода ставете ги пченките, а потоа вклучете ја ринглата. Од моментот кога водата ќе зоврие, варете ги точно 10 минути, ниту повеќе ниту помалку.
Веднаш штом помине времето, тргнете го тенџерето од рингла, истурете ја врелата вода и налејте нова студена вода со коцки мраз во неа. Ако имате доста коцки мраз во фрижидерот, ставете повеќе колку можете.
Во оваа ледено студена вода оставете ги пченките да отстојат точно 3 минути. Затоа, часовникот до вас и мерете ги минутите, бидејќи времето е многу важно. Ќе добиете совршени пченки, многу сочни, со полн вкус. На овој начин се приготвува млада пченка. А кој сака, може да прочита и како се приготвува чорба од пченка:
ВКУСНА И ХРАНЛИВА КРЕМ ЧОРБА ОД ПЧЕНКА
Една пченка се лупи, се додава морков и пашканат и се става во тенџере да се вари со една коцка за супа. Кога зеленчукот ќе омекне, се процедува и се миксира со рачен миксер. Се враќа повторно во течноста во која се вареле.
Се додава неутрална павлака, се зачинува со малку црн пипер, прстофат цимет и малку сечкан целер. Приближно излегува 1,5 литар чорба и многу брзо е готова. Вкусна е и многу здрава. / Мирјана Чорлиќ / Можеби сакате да ја пробате и салатата од пченка:
САЛАТА ОД ПЧЕНКА И ТУНА
Потребни состојки: 200 г кисела павлака, 200 г посен мајонез, 1-2 конзерва туна во масло, 450 г пченка шеќерец, една третина страк праз (зелениот дел), половина црвена бабура, сол по вкус
Постапка: доколку пченката не е од конзерва, тогаш прво неа сварете ја и оставете да се олади. Потоа рачно исечкајте го празот и црвената пиперка, колку можете на поситни парченца.
Во посебен сад измешајте ги со лажица киселата павлака, мајонезот и туната (од која целосно сте го исцедиле маслото) и ситно сечаниот зеленчук. Промешајте, посолете по вкус, па додајте ја пченката во зрно.
Убаво промешајте ја смесата за да се распоредат состојките, па оставете да одмори во фрижидер околу еден час. Сите овие количини се прилагодливи по желба и вкус. Јас во моментот немав црвена пиперка и затоа не се гледа на фотографијата – Свилар Весна.