Многумина си мислат дека ананасот расте на дрво, исто како и кокосот. Меѓутоа, ова тропско овошје расте во центарот на ниска палмичка, на земја. Овој уникатен плод поседува една состојка поради која се вбројува меѓу најздравите овошја, особено кога станува збор за регулирање на телесната тежина.




Имено, ананасот поседува ензими кои се одлични за здравјето на нашето тело, и може да се јаде пред и после оброк, без да предизвика непријатности во стомакот. Всушност, ананасот се препорачува во секоја диета за с лабеење.




Ова растение е именувано според сличноста на изгледот со оној на шишарката. Станува збор за тропско растение со јадлив зрнест плод кој е збир од повеќе зрнести плодови и најисплатливо растение од економска гледна точка во семејството бромелии.




Ананасот е исклучително здраво овошје и е единственото токму по оваа негова карактеристика, што може да се јаде дури и после оброкот, бидејќи за разлика од другите овошја, тој има посебен ензим кој спречува појава на „ферментација“ и „вриење“ на храната во организмот.




Бромелаин

Бромелаинот спаѓа во групата на протолитички ензими, кои имаат способност да варат протеини, односно да ги разградуваат белковините. Доколку јадете ананас после оброкот во кој сте внеле белковини, односно протеини, нивното варење ќе биде значително олеснето.




Овој ензим сам по себе е многу ефикасен кога станува збор за ублажување и лекување на воспаленија што се јавуваат во мускулите и ткивата, како и кога станува збор за самиот процес на дигестија. Оваа состојка честопати се продава и во облик на додаток-суплемент, а се добива со екстракција директно од ананасот (се наоѓа во стебленцето на ананасот).




Се смета за многу ефикасен разредувач на к рвта (секако, не се препорачува за хемофиличари и луѓе кои имаат проблем со црниот дроб или бубрезите, бидејќи ја стимулира коагулабилноста на к рвта), како и супстанција која има својства што спречуваат воспаление.




Благотворни дејства: ублажување на мускулните п овреди и де-формитети со пропратна б олка, олеснување на тегоби од артритис, проблеми со варењето на храната, ублажување на ждригавица, хроничен бронхитис, ублажување на симптомите предизвикани од гихт




Како да изберете свеж, зрел и вкусен ананас

Најпрво, во купот ананаси, треба да ве привлече нивната боја. Оној зрелиот има жолто-кафеава боја. Само оној ананас кој ја има оваа боја значи дека е зрел и свеж. Потоа земете го ананасот во рака и забележете ја неговата цврстина.




Кога ќе го притиснете со прстот, треба да се свитка малку навнатре, но не премногу. Ова значи дека овошјето е сочно и полно со слатки сокови. Ако е премногу цврсто, тоа значи дека не е зрел, а доколку пак е премногу мек, тогаш плодот презреал.




И најпосле, помирисајте го ананасот. Прближете го долниот дел од плодот до вашиот нос, и доколку намирисате сочен мирис карактеристичен за ова овошје, тогаш значи дека е зрел.