Кај чичокот секој дел е лековит, од коренот до семето. Двегодишните корења се собираат во пролет и есен, лисјата додека се млади, а семето откако ќе созрее, пишува НМД.мк
Коренот најчесто се користи против отрови, поттикнува излачување на урина и потење и на тој начин ги исфрла токсините од телото и ја чисти крвта. Се користи и за лекување на разни полови болести, на сите видови чирови, гихт и застарени ревматски заболувања.
Во традиционалната медицина гнојните рани ги мачкале со мешавина добиена од сув корен од чичок, сомелен во прав и помешан со маслиново масло. Ревмата ја ублажувале со напиток кој се добивал од една супена лажица ситно исечакан корен и лист, варено во половина литар вода, од моментот на зовривање на водата – пет минути.
Потоа се остава поклопено да отстои од 10 до 15 минути, а потоа се процедува. Овој напиток се пие наутро и навечер по две супени лажици. Остатокот се чува во фрижидер.
Оваа билка исто така е ефикасна за третирање на алопеција (ќелавост): со чајот сварен од корен од чичок добро се трие кожата на главата, а секој втор ден се мачка со чичково масло.
На овој начин се стимулира растот на косата. Чајот се приготвува на следниот начин: во еден литар вода се вари една супена лажица исечкан корен од чичок. При опаѓање на косата овој чај се меша со иста количина од јаболкова киселина.
Маста од чичков корен се препорачува за оштетена кожа, чирови, р ани и лишаји. Рецепт за маст: коренот се мие и се чисти, се сечка ситно и од него се ситиснува колку може повеќе сок.
Се меша со несолена свинска маст (исрана во девет води) додека да се добие густина на каша. Маста се чува во фрижидер, во керамички сад (никако во метален) и добро затворена. Неколку пати на ден се нанесува на проблематичната кожа.
Младите листови од чичок се користат кај воспаленија на желудник и подуеност, потоа кај осип, чиреви, рани и ранички во устата. Напитокот се препорачува за испирање на усната шуплина, наутро и навечер по една шолјичка. Рецепт: 10 г сув лист се вари пет минути во еден литар врела вода.
Семето има посилен ефект од корењата и лисјата, тие се особено ефикасни за правење на масло од чичок кое се користи против првут и опаѓање на косата. Се подготвува на следниот начин: една рака суво и мелено семе од чичок се става во шише, па се прелива со 2 лажици алкохол (90% и се остава да отстои 14 дена.
Потоа се додава 300 мл маслиново масло и повторно се остава 4 седмици на топло место со повремено протресување. За да испари алкохолот, шишето не се затвора со чеп, туку со газа.
НАПОМЕНА: Природните лекови на оваа веб-страница служат за да им помогнат на луѓето. Но, секогаш треба да знаете, доколку имате некаков здравствен проблем, треба да бидете под постојан лекарски надзор и да не се потпирате единствено на алтернативната медицина без стручно мислење. Информациите на оваа веб-страница во никој случај не се наменети како медицински совет или како замена за медицински третман.
Изјава за одрекување од одговорност:
Оваа содржина, вклучувајќи ги и советите, дава само генерички информации за здравствените придобивки на одредени природни производи. Ова во никој случај не е замена за квалификувано медицинско мислење. Секогаш консултирајте се со специјалист или со вашиот матичен лекар за повеќе информации. NMD.mk не презема никаква одговорност за овие информации.