Мекици-лангош – брз рецепт. Ова се пржени лепињи без квасец кои не впиваат ниту капка масло, а сепак излегуваат меки и многу вкусни, со многу меури на нив. Направете си сами, подобри од пекарница, за час! Можете да ги послужите со ручекот или со малку сирење, кајмак, јогурт…со сè си одговараат – Ивана.
Потребни состојки: 300 мл јогурт, 1 лажичка сол, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сода бикарбона (ова сè се меша); 400 г меко брашно и уште малку за наросување на работната површина; масло за пржење
Постапка: во подлабок сад ставете го јогуртот, па додајте една лажичка сол, една лажичка шеќер и една лажичка сода бикарбона. Промеешајте за да се растворат состојките, па започнете постепено да го додавате брашното.
На почетокот мешајте со лажица или шпатула, а на крај замесете со рака. тестото истресете го на набрашнета работна површина и месете го додека да добиете убаво мазно тесто кое не се лепи на рака.
Ако имате миксер за тесто, тогаш рачното месење можете да го прескокнете и да го приготвите тестото во миксерот. Од тестото формирајте валјак и исечете го на на помали, еднакви топчиња (10-тина).
Секое топче формирајте го со малку брашно. Оставете ги вака формираните топчиња да одморат 5 минути покриени со фолија или кеса, за да не се исушат. Ова е сосем доволно време за да станат уште помеки.
Потоа секое топче со помош на оглагија развлечете го во кора со величина на голема чинија. Корите наросувајте ги со малку брашно и редете ги една врз друга. Загрејте масло на умерена температура.
Пред да ги спуштите корите да се пржат, убаво истресете ги од вишокот брашно. Пржете ги кратко време од двете страни додека убаво да заруменат. Вадете ги со штипалка и неколку секунди исцедувајте ги од маслото пред да ги извадите во чинијата.
Добволно е да ги пржите по половина минута од двете страни, не треба предолго време да се пржат, затоа што се тенки и може брзо да прегорат. Ако сакате, слободно можете да ги правите и малку подобели.
Пржените лепињи/мекици вадете ги врз хартиена салветка. Излегуваат доста, цел куп од оваа количина и многу се вкусни и меки. Деталите од целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.