Панкреасот е еден меѓу најважните о ргани, а за кој повеќето знаат многу малку. Но, добро им е познат на оние кои боледуваат од панкреатит чија бројка во последно време е сè поголема. Само оние кои ги искусиле овој вид на б олки и г рчеви, знаат колку се непријатни.
Нашите предци се потпирале на природните третмани за лекување на панкреасот. Секако во тоа време не постоеле толку софистицирани лекови кои можат да помогнат, но проблемот со лоша храна отсекогаш постоел.
Болестите на црниот дроб и панкреасот денес не се невообичаени. Најлошото е што ваквите проблеми се среќаваат не само кај постарите лица, туку и кај младите. Не е изненадување што денес во секоја аптека се продаваат ле-кови за третман на панкреас.
Можете да го излекувате панкреасот со чај од билки за само 2 недели. Едноставно истурете 1 лажица камилица и смил во сад, прелијте со чаша врела вода (200 мл) и оставете да отстои поклопено половина час. Билките можете да ги набавите од Билна аптека.
Потоа процедете ја тинктурата и кон-сумирајте половина чаша 30 минути пред главните оброци двапати на ден. Исто така постои и лек за панкреас за љубителите на хељдата. Едноставно сомелете ја хељдата во брашно и прелијте врз неа чаша кефир. Оставете ја преку ноќ смесата да се соедини, а наутро појадувајте.
Млечните производи за панкреасот се вистинско спасение. Исечете јаглика во сад и прелијте ја со варено млеко. Гответе на тивок оган неколку минути, но не дозволувајте млекото да зоврие. Кон-сумирајте 2 лажици од смесата на секој час во текот на денот.
Инфузијата со ловоров лист исто така се смета дека е лековита за болниот панкреас. Само земете 10 ловорови лисја, исплакнете ги, ставете ги во сад и истурете 3 чаши врела вода врз нив. Поклопете и оставете чајот да се готви еден ден на ниска температура. Кон-сумирајте по 50 мл од тинктурата половина час пред оброк.
И, конечно, ви го претставуваме највкусниот и најефективниот начин за ревитализација на панкреасот со помош на тиква и просо. Рецепт на Зорица Алексиќ Николиќ.
Потребни состојки: 200 г просо, 300 г излупена тиква, 2 литри вода, 1 лажица путер.
Постапка: Ставете ја водата во сад и оставете да зоврие, а потоа додајте го измиеното просо во неа и варете додека да омекне. Изрендајте ја тиквата и додајте ја во кашата и варете додека да добиете смеса густа како пире.
Измешајте ја готовата каша со путерот. Кон-сумирајте го ова лековито јадење за вечера. Позитивниот ефект се забележува по неколку дена. Обновувањето на панкреасот е важна работа што не толерира одложување.
Панкреасот е витален ор-ган кој учествува во процесите на варење на храната и метаболизмот. Панкреасот произведува многу важни ензими, вклучително и хормонот инсулин.
Тој е задолжен за регулација на шеќерот во кр-вта. Се јавуваат б олки во хипохонриумот од двете страни (подребрена област),м гасови и дуење на стомакот, дијареа, често подригнување, мачнина.
ЛЕКУВАЊЕТО на панкреасот мора да се изведе брзо и сигурно за да се одбегне дијабетесот. Ова се 4 народни лекови кои можат да помогнат во лекувањето на панкреасот.
СЕМЕ ОД КОПАР: Една лажичка копар прелијте со 200 мл зовриена вода. Поклопете и оставете да се кисне еден час. Процедете и пијте го во голтки во текот на целиот ден.
ОВЕС: Во било кој облик да го приготвите овесот, ќе го излекувате панкреасот. Варете обична овесна каша (никако инстант), но немојте да ја зачинувате, туку јадете ја само варена и тоа секој ден, во текот на 7 дена. Најдобро е оваа каша да ја јадете без зачини наутро, за појадок.
ЛИМОН, МАГДОНОС И ЛУК. Потребни состојки: 300 г лимон, 100 г лук, 100 г свеж магдонос. Постапка: Сите состојки сомелете ги додека да добиете хомогена смеса. Потоа смесата чувајте ја во фрижидер.
Користете по една мала лажичка од оваа смеса 3 пати на ден, 15 минути пред јадење. Користете го овој лек цели три месеци, а потоа направете пауза од 2 месеци, па може да го повторите процесот доколку сè уште имате болки во панкреасот.
ХЕЉДА: Секој ден кон-сумирајте хељда потопена во кефир и тоа двапати дневно (појадок и вечера) и така повторувајте ја постапката 10 дена. Измиената хељда потопете ја во шолја кефир и оставете ја преку ноќ во фрижидер, па наутро користете ја. После 10 дена кон-сумација на хељдата, направете пауза од 10 дена, па повторете ја постапката по потреба.
НАПОМЕНА: Природните лекови на оваа веб-страница служат за да им помогнат на луѓето. Но, секогаш треба да знаете, доколку имате некаков здравствен проблем, треба да бидете под постојан лекарски надзор и да не се потпирате единствено на алтернативната медицина без стручно мислење. Информациите на оваа веб-страница во никој случај не се наменети како медицински совет или како замена за медицински третман.
Изјава за одрекување од одговорност:
Оваа содржина, вклучувајќи ги и советите, дава само генерички информации за здравствените придобивки на одредени природни производи. Ова во никој случај не е замена за квалификувано медицинско мислење. Секогаш консултирајте се со специјалист или со вашиот матичен лекар за повеќе информации. NMD.mk не презема никаква одговорност за овие информации.