Дополнете ја вашата козметичка колекција за заштита на кожата од лицето со цинкова паста, и веднаш ќе забележите огромна разлика – едноставно, вашата кожа ќе ви биде многу благодарна, пишува НМД.мк




Повеќето никогаш не слушнале за цинкова паста, ниту би го поврзале овој термин со производ за нега на кожата. Главната состојка е цинк оксид, минерал кој има корисен ефект врз разни проблеми со кожата, пред сè како средство за затегнување на површината на слузокожата и оштетната кожа.




Покрај тоа, цинк оксидот е идеален за заштита од УВА зраците и е една од главните состојки на кремите за сончање. Цинкот е неопходен минерал за нормално функционирање на кожата, а оксидираната верзија е најпријатна за кожата.




Што е цинк оксид?

Цинк оксид е неорганско соединение, обично во форма на бел прав. Примената на прашок од цинк оксид е многубројна, поради фактот што оксидот на цинк има висок индекс на рефракција, висока топлинска спроводливост, антибактериски и УВ-заштитни својства.




Ефектот на цинковата паста? – Антимикробно и антибактериско дејство

Има превентивно дејство врз микробите кои се одговорни за создавање акни и делува на веќе постоечките воспаленија.Каде да се купи? Можете да купите паста од цинк по многу прифатлива цена во аптека, а сè повеќе се продава и во продавниците за здрава храна.




Во продолжение на текстот можете да прочитате рецепт и да погледнете видео како сами, во домашни услови да се направите одличен крем за лице со голем број здравствени бенефити за вашата кожа.




Потиикнува заздравување на кожата. Цинк оксидот го стимулира формирањето на ново ткиво, замена на оштетеното и го смирување на воспалението. Според истражувањето, недостаток на цинк во организмот влијае врз брзината на заздравување на раните.




Репаративен ефект. Цинк пастата содржи состојки кои ја обновуваат кожата, особено по по-вреда или ош-тетување, а исто така е одлична и за сува кожа. Цинк оксидот е одлична основа за други препарати, бидејќи овозможува подобра апсорпција на хранливите материи во кожата.




Адстрингентно дејство. Делува така што го исушува себумот и ја затегнува површината на слузокожата. Затоа е одличен за намалување на порите и сушење на масната кожа.




За што помага употребата на цинкова паста?

Цинковата пастата помага при следниве проблеми со кожата и има исклучително корисен ефект: поткожни мозолчиња и акни, ги стеснува порите, ја намалува маснотијата на кожата, лекува херпес, иритација на кожата, заштита од сонце, ја лекува кожата, ја омекнува испуканата кожа.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 полни супени лажици шеа путер, 2 полни супени лажици масло од јојоба, 1/2 супена лажица пчелин восок, 1/2 супена лажица цинков оксид во прав, 20-тина капки камфорово масло. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.