Целиот свој живот го посветиле на лекување на болните и добробит на човештвото и никогаш не зеле ниту една паричка, па поради тоа се наречени Светите Бесребреници и Чудотворци. Лекарите и здравствените установи ги слават како заштитници на својата професија.




Празникот на светите бесребреници Козма и Дамјан православната црква и верниците го одбележуваат на 14.ноември / 14 јули. Ова е слава и на бројни здравствени установи, кои овие светители и лекари ги слават како заштитници на својата професија.




Во црковниот календар празникот е обележан со црни букви. Светите чудотворци се прославуваат со уверение дека Бог ќе ги заштити од болести и ќе ги сочува здрави и способни за работа во текот на целата година.




Болните се заветуваат дека посебно ќе ги почитуваат и слават доколку оздрават, а кај народот постои верување дека на овој празник не е добро да се работат тешки физички работи, особено не на големи висини. Исто така, не би требало беспотребно да се излегува од дома. Овој празник се слави и како заштита од гром.




Според преданието, светителите помагале и лекувале без да бараат надомест за тоа, значи лекувале само поради Бог, а не да се збогатат или да се стекнат со материјално богатство. Народот продолжил до ден денешен да ги повикува напомош кога се во неволја или се болни.




МОЛИТВА КОН СВЕТИТЕ БЕСРЕБРЕНИЦИ КОЗМА И ДАМЈАН

Тешко ст-радам од мојата болест и доаѓам кај вас, свети чудотворци и целители, Кузмане и Дамјане, зашто вие сте проповедале дека ду-шевната болест е потешка од која и да било немоќ и дека ду-шата б оледува поради гре-вовите, а кога ду-шата е болна, тогаш и телото тешко бо-ледува.




Знам дека болестите го чистат човекот од неговите гревови.

Ви се молам, свети чудотворци, помолете Го Господа да ми подари простување на моите согрешенија. Јас сум слаб и беспомошен, силите мои исчезнале во болеста и затоа молам да не паднам во очајание и да не заги-нам.




Побрзајте да ми помогнете, свети исцелители; ветувам дека, кога ќе оздравам, ќе живеам во покајание и ќе го завр-шам мојот живот во мир.

Ви се молам, помолете Го Господа во судниот ден да застанам неосудено пред лицето на страш-ниот Судија на вселената, Кој ги познава тајните на човечките души. Нему да My e слава, и сега и секогаш, и во вековите на вековите. Амин.

Молитва 1

Кон вас, свети бесребреници и чудотворци Козма и Дамјане, како кон брзи помошници и топли молитвеници за нашето спасение, ние недостојните (имињата), клекнувајќи на колена, прибегнуваме и припаѓајќи усрдно повикуваме: Не презирајте ги молењата од нас грешните, немоќните, кои паднавме во многу беззаконија, и кои во секој час и ден грешиме.




Умолете Го Господа, да ни даде, нам недостојните Негови чеда, од Својата богата милост: избавете нѐ од секоја мака и болест, бидејќи вие примивте од Бога и Спасителот наш Исус Христос непотрошлива благодат за исцелување, поради цврстата вера, бесплатното лечење и вашата ма-ченичка с мрт.




Да, угодници Божји, не престанувајте да се молите за нас, кои со вера кон вас итаат: иако според мноштвото на нашите гревови и не сме достојни за вашето милосрдие, сепак, вие, верни и вистински подражатели на Божјото човекољубие, направете, да принесеме плодови достојни за покајание, и во вечниот покој да достигнеме, фалејќи и благословувајќи Прекрасниот во Своите светии Господа и Бога и Спасителот наш Исус Христос и Неговата Пречиста Мајка, и вашето топло застапништво, сега и секогаш, и во вечни векови. Амин.




Молитва 2

Славни чудотворци, бесплатни лекари, Козма и Дамјане! Вие уште од младоста Христа Бога Го возљубивте и Неговите заповеди со сето срце ги запазивте, иако се посветивте на лекарска наука, но поради вашиот добродетелен живот и душевна чистота, со силата на Христа Бога, не само лекарската вештина, туку и изобилната благодат за исцелување на секакви неизлечиви болести од Бога примивте.

Па оттаму со љубов и милосрдие поттикнувани кон стра-далниците, не само на луѓето, туку и на животните им давате исцеление од болестите, со небројното мноштво од вашите чудеса сите свет го полните, и не само телесни болести лечите, туку и со верата Христова душите ги просветувате, укрепувате во трпењето на болестите, во теш-ките болести поучувате за поправање на животот и кон Христа со покајание привлекувате. Затоа сега и нас, кои се поклонуваме пред вашата чесна икона, брзо послушајте нѐ.

Младите деца, кои бараат од вас помош во учењето, со вашите молитви насочете ги, да ревнуваат според вашето житие, та не само земско учење да стекнат, туку уште повеќе во побожноста и вистинската вера непрестајно да напредуваат. На оние кои лежат бол-ни во постела, о-чајни зашто немаат човечка помош, кон вас со вера и усрдна молитва прибегнуваат, дарувајте им исцелување на болестите, со вашата милостива и чудотворна посета.

Оние кои во болест и лути р ани многупати паѓаат во униние, малодушност и негодување, со дадената ви од Бога благодат во трпението утврдете ги, и поучете ги, да ја разберат за нив Божјата волја, света и совршена, и самите себеси и својот живот на волјата на Христа Бога да го предадат.

Оние кои се во болести и по-роци, кои не се трудат за поправање на својот живот, кои не се каат за гревовите, по срце ожесточени, дајте им скрушеност за спасение и кон покајание повикајте ги, па и немоќни да се по тело, здрави да бидат по душа, и да станат причесници на Божјата спасителна благодат.

Браќата на овој свет храм, доверени од Бога на вашето свето застапништво, и сите кои усрдно прибегнуваат кон вас сочувајте ги неповредени од долго боледување, од болести теш-ки и неиз-лечиви, од изнемоштување на телото, од пореметување во умот, од с-мртоносни повреди, од ненадејна с мрт, и со вашето моќно застапништво пред Бога сочувајте ги цврстите во вистинската вера, кои успеваат во побожноста, и усрдни во добри дела, во молитва кон Бога упорни, та заедно со вас да се удостојат во идниот век секогаш да го воспеваат и слават сесветото и великолепно име на Отецот и Синот и Светиот Дух, во вечни векови. Амин.

Избрани чудотворци, бесребреници Христови и лекари премудри, кои дарум им давате здравје на болните, пофални песни ви пееме вам, на нашите застапници и во ма-ките помошници; бидејќи вие сте вистински садови на благодатта, ги исцелувате нашите телесни и духовни ра ни. Затоа, славејќи Го Бога, Прекрасниот во Своите светители, вас усрдно ве ублажуваме: Радувајте се Козма и Дамјане, свети бесребреници и преславни чудотворци. (Прв кондак од акатистот)