Павловден — голем христијански празник од летниот циклус којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 29 јуни, односно на 13 јули по стариот календар. Овој ден е Собор на 12 Апостоли, односно вториот ден од завршувањето на Петровденскиот пост.




ЖИТИЕ

Апостол Павле, познат и како Свети Павле или Павле од Тарс (старогрчки: Σαούλ (Соул), Σαῦλος (Сулос), и Παῦλος (Павлос); латински: Paulus илиPaullus; хебрејски: שאול התרסי Šaʾul HaTarsi (Сол од Тарс )[2] (c. 5 – c. 67 ), е еден од најважните светци во проповедењето и распространувањето на христијанство. Познат како тринаесетти Христов апостол. Единствените податоци за животот на Свети Павле се текстовите од Новиот завет.




Роден е во Тарс во Киликија (денешна Турција) во еврејско семејство. Неговото име на хебрејски јазик е Саул (Савел, Савле). Во исто време се здобил и со римско државјанство.




Пораснал во Ерусалим. Се занимавал со изработка на шатори. Од рабинот Гамалиел бил учен на фарисејството, студент интересирајќи го Талмудот а станал и еден од главните членови на антихристијанскиот еврејски совет, во чии активности спаѓа прого-нувањето на христијаните и у-бис-твото на Свети Стефан, кое го одобрувал и самиот Павле.




Христијанските текстови оделуваат големо значење во преминувањето на Апостол Павле во христијанската вера. Во Библијата се раскажува дека на пат кон Дамаск тој видел необична светлина од која тој осле-пел и го слушнал гласот на Господ од небото, кој му рекол: „Савле, Савле, зошто ме прого-нуваш? Јас сум Исус, којшто ти го прого-нуваш“. Тој настан бил пресврт во неговиот живот, прекрстувајќи се во Дамаск и станувајќи еден од најголемите проповедници на христијанството.




По враќањето во Ерусалим, во почетокот неговите истомисленици се сомневале во него, неверувајќи му. На своето прво мисионерско патување, бил испратен од страна на Барнаба, кој претходно го внел во заедницата на Ерусалимската црква. Проповедал во Антиохија, Киликија, Кипар, Ефес, Атина, Македонија, Коринт и Шпанија.




Обично за Свети Павле се споменуваат четири мисионерски патувања, со кој тој прво во саботите влегувал во синагога за да на евреите им го сподели евангелието, но кога почнале евреите да не го прифаќаат и не го пуштаат во нивните храмови, тој им се обраќал и на пога-ните.




Во 67 година, Свети Павле бил осуден на с мрт и погу-бен во Рим. Од овде се смета дека Свети Павле бил римски државник бидејќи само римските граѓани биле погу-бувани на таков начин. Според христијанската митологија, со с мртта му настапиле големи чу да. Пресе-чената глава на апостолот продолжувала да го слави името Господово, а на местото каде што паднала се отвориле три извори, односно на местото на денешниот манастир „Три Фонтани“ кај Рим.




Во неговите посланија, кој се составен дел на Новиот завет, Свети Павле одговара на проблемите на христијаните, на проблемите околу црквата со другите религии, средбата со Исус Христос, потоа со Апостол Петар и останатите апостоли во Ерусалим, за неговото ма-чење, зат-ворање и прого-нување.




Светиот апостол Павле особено е значаен за Македонците. Своето прво патување надвор од Азија тој го направил во Македонија. Тоа започнало во 51, а завршило во 54 година. При своите патувања апостолот Павле организирал нови христијански општини, а старите ги утврдувал во новата вера.




Според тоа се смета дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија тоа ги совладувало првите тешкотии, се суд-рувало со старите па-гански обичаи и верувања. Тука се добиени и првите бит-ки во по-ходот на христијанството кон Европа и светот.

Овој ден се нарекува Собор на 12 Апостоли и тоа е главен заеднички празник на сите 12 апостоли, слично како што има соборни денови и за свети Јован Крстител, за архангел Михаил итн. Апостолите се слават како темели на црквата, со оглед на тоа што тие се првите луѓе кои во потполност ја примиле благата вест за единствениот можен Спасител на луѓето и на светот и затоа што истата вест ја проширија по сите краишта на светот.

Славење

Во Римокатоличката црква Павловден се слави на 29 јуни, заедно со Петровден. Во православието, неговото дело се почитува на истиот датум, 29 јуни според јулијанскиот календар, или 13 јули според грегоријанскиот календар.

Македонија

Павловден жените го држат како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работи како превенција од пајаци, да не го каснат некого при полските работи, жетва, врзување снопови, и сл. Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.

Во некои краишта, на пр. во Гевгелиско, народот сметал дека Павле бил брат на Петар и дека на луѓето им правел разни добри дела. Народот велел дека св. Петар бил богат и сербес, а св. Павле сиромав и добродушен. Се празнувало поради град.

Во црковната беседа за Павловден се наведува дека тешко е да се разговара со безбожните и грешните, односно ѓа-волот и з лото. Истите, многу тешко ќе ги убедите со зборови. Затоа, против з лото и ѓа-волот треба да се делува со вистински добри дела. Тие треба да ги видат вашите добри дела. Оние што спорат со вас, направете им добро дело и вие ќе го добиете спорот.