МАНЧМАЛОУ: највкусниот кој сум го пробала досега – тајната се крие во фантастичниот крем. Лесен е за приготвување, многу вкусен и обилен. Едноставен, без и лесен Манчмалоу – единствена мана му е тоа што брзо исчезнува! Tајната се крие во белиот крем… Ви претставуваме 2 рецепти:




РЕЦЕПТ 1 Потребни состојки: 6 жолчки, 12 рамни лажици шеќер, 200 мл ладно млеко, 100 мл масло, 6 полни лажици брашно (120 г), 3 лажици какао и ½ прашок за печиво.

За бел крем: 6 белки, 12 лажици шеќер, 4 лажици вода и 10 лажици шеќер. За чоколадна глазура: 100 г чоколадо за готвење, 3 лажици шеќер, 4 лажици вода и 4 лажици масло




Постапка: Изматете ги жолчките со шеќерот, па додајте млеко, масло и какао, парок за печиво и брашно. Смесата излејте ја по намастен и набрашнет плех, па печете на 200 степени околу 15-20 минути. Изматете цврст снег од белки и постепено додајте 12 лажици шеќер и матете додека да се растопи шеќерот.




Десет лажици полни шеќер ставете на оган со 4 лажици вода да зоврие и да се растопи, па полека додавајте во снегот од белки и матете додека да стане сјајно и да се зголеми волуменот.




Печената кора се вади од рерна и се намалува на 130 степени. Снегот од белки рамномерно се премачкува врз кората и се враќа во рерна уште 10 минути. Потоа колачот го вадиме од рерна и го преливаме со чоколадна глазура.




Веднаш го сечеме на коцки. Напомена: Бидејќи во снегот од белки оди многу шеќер, јас ја намалив оваа количина. Во оригиналот пишуваше 15 лажици во белките и уште 12 во сирупот. Вие одлучете како сакате. Ако вие уште повеќе го намалите шеќерот, внимавајте до следниот ден да не „падне“ снегот.




Коментар на Лидија Марјановиќ: „грешка…не е тајната во белиот крем…туку во нешто што е испуштено…тестото додека е врело треба да се премачка со мармалад, најдобро од сливи, па потоа да се стави белката и да се потпече во топла рерна, па дури потоа да се прели со чоколадната глазура.”




РЕЦЕПТ 2 Едвај дочекав да излади: Манчмалоу кое се топи во уста

Потребни состојки: 5 жолчки, 1 шолја (од 200 мл) шеќер, 1 шолја масло, 1 шолја млеко, 1 шолја брашно, 1 прашок за печиво и 1 лажица какао во прав. За белиот дел: 5 белки, 10 лажици шеќер, 4 лажици вода и 10 лажици шеќер. За глазура: 100 г чоколадо 50 г маргарин и 4 лажици масло




Постапка: Жолчките матете ги со шеќерот додека тој да се растопи, приближно 10-тина минути. Додајте масло и уште малку матете. Потоа додавајте млеко и брашно наизменично, а на крај прашок за печиво и какао во прав.




Смесата излејте ја во намастен и набрашнет плех и ставете да се пече во загреана рерна на 150 степени, 25 минути. Во меѓувреме изматете ги белките во цврст снег, а потоа додајте постепено 10 лажици шеќер и матете додека шеќерот целосно да се растопи.




Во еден сад ставете 4 лажици вода и 10 лажици шеќер, па загревајте додека да зоврие и шеќерот да се растопи. Овој сируп памлку по малку во тенок млаз додавајте го во снегот од белки додека матите со миксер.

Извадете го колачот од рерна и премачкјате го со снегот од белки. Израмнете, намалете ја температурата на 100 степени, па допечете го колачот уште 10 минути. На крај кога колачот е готов и малку изладен, прелијте го со чоколадна глазура. / Сооlinarika.com