Секој ден по скалите во зградата ја среќавам мојата сосетка која има 70 години. Без оглед на тоа што штотуку се вратила од пазар, со количка полна со намирници, на жешкиот летен ден – мириса фантастично.




Уредно стилизирана коса, чиста и пеглана облека на неа, кожата и ноктите се чисти и негувани, но што е најважно – таа никогаш не мириса испотено. Еднаш ја замолив за совет, да ми каже каков ритуал има што никогаш не мириса на пот.




Имено, таа почитува едно правило цел живот. Еднаш неделно, се капе во бања од топла вода, 50 грама сода бикарбона, 50 грама сол и малку лосион за пена. На вака подготвената бања, лежи 15-тина минути, така што телото има време да се ослободи од лошите бактерии.




За оние кои немаат време да лежат во бањата, можат да користат паста приготвена од сода бикарбона и вода. Оваа маста се нанесува насекаде на кожата и нежно се втријува, а потоа се плакне со вода и сапун.




Сода бикарбоната го детоксицира телото и го ослободува од лошите мириси. Исто така, за да се избегне силниот мирис на пот, потребно е да се пие голема количина вода, и да се избегнува зачинета храна.




Потта под пазувите е природен и здрав процес, кој се засилува во летните периоди. Колку и да се чувствуваме непријатно кога ќе се испотиме, на тој начин се исфрлаат ток-сините од телото. Потта има своја цел, таа делува како барометар или индикатор на с-трес, покажува колку сме здрави, а понекогаш може да биде и предупредување за одредена болест.




Иако сите понекогаш сме се соочиле со непријатното потење, ретко разбираме што всушност се случува и зошто. Сакале или не, не можеме да живееме без потта, бидејќи потењето го штити организмот од ток-сини. Кога температурата на телото се зголемува, термостатот во мозокот (хипоталамус) дава сигнал за потните жлезди да се активираат.




Потта се појавува на површината на кожата која се излачува преку порите и таа испарува во контакт со воздухот, а со тоа организмот природно се лади. Кога вежбаме, често се потиме многу, но потењето може да биде предизвико во ситуации што нè прават нервозни или лути.




Веројатно сте забележале дека потта може да биде малку солена, а тоа е претежно вода, со мала количина маснотии и електролити. Егзокрините (надворешни) жлезди се делат на апокрини и холокрини. Холокрините жлезди се наоѓаат низ целото тело и се концентрирани во областа на челото, дланките и стапалата. Овие жлезди ослободуваат чиста течност кога вежбате или ви е топло.




Таа пот нема мирис. Ако вашите нозе мирисаат лошо, тоа може да биде бактерија што е предизвикана од пот. Апокрините жлезди произведуваат течност што е одговорна за непријатните мириси. Тие често се наоѓаат во области како што се фоликулот на косата, пазувите или интимната област.




Самата пот нема мирис, но кога ќе дојде во контакт со милиони бактерии кои живеат на површината на кожата, работите се менуваат. Пот се произведува кога сме под голем с трес, во апокрините жлезди, кои се исто така одговорни за непријатниот мирис.

Сè уште не е јасно што точно предизвикува потење во с тресни ситуации, но тоа е поврзано со ослободување на адреналин. С тресот може да предизвика маѓепсан циклус на потење – кога ќе се видите како силно се потите, вознемиреноста може само да се зголеми. Интересен факт е што генетиката е важен фактор во овој случај и точно одредува колку ќе се потите во текот на денот.

Фактори како што се полот, физичка активност, здравствениот статус и телесната тежина, исто така, играат важна улога за тоа колку се потиме во текот на денот. Луѓето кои тежат повеќе исто така, се потат повеќе за време на физичката активност.

Потните жлезди се наоѓаат низ целото тело, со исклучок на усните. Причината поради која постарите се потат многу повеќе за разлика од помладите е тоа што со текот на годините телото се менува, особено жените кога влегуваат во топлиот бран на менопаузата.

Кај бебињата овој процес сè уште не е доволно развиен, па затоа тие мирисаат секогаш убаво. Се верува дека појавата на силно потење се јавува поради промени во хормоналниот баланс. Овие проблеми можат да се појават пред или после појавата на менопауза. Истражувањата покажуваат дека престанокот на пушење, губење на телесната тежина и употреба на одредени билни пијалаци може да помогне.

Одредена храна може да го промени мирисот на пот кон полошо како што е лукот, на пример. Научниците исто така поврзаа одредени мириси на телото со состојби како што се заболувања на бубрезите кои можат да го променат мирисот на пот на полошо.

Исто како топлиот воздух, зачинетата храна може да ја подигне телесната температура и на тој начин да влијае на рецепторите на кожата кои му кажуваат на нервниот систем да започне да се лади со производство на пот. Кофеинот, лутите пиперки, никотинот и одредени лекови можат да ги активираат потните жлезди.

Големо количество ал-кохол исто така може да го стори истото, бидејќи тоа ќе влијае на забрзаната работа на срцето и на проширувањето на кр-вните садови на кожата. Понекогаш постои врска со состојби како што се дијабетес или Паркинсонова болест, кога во повеќето случаи се јавува траума на паротидната жлезда.

Покрај регулирањето на телесната температура, се покажа дека потта нè ослободува од ток-сините, ја забрзува циркулацијата и ги чисти порите. Научниците веруваат дека потењето може да обезбеди придобивки како што се подобра циркулација и смирување на чувството на б олка.

Експертите продолжуваат да ги разгледуваат придобивките од ваквите терапии кога станува збор за здравствена состојба, како што е ревматоиден артритис или висок кр-вен притисок. Сепак, многу експерти ќе истакнат дека потењето е важен дел за одржување на телесната температура, но количината на ток.сини кои се излачуваат на овој начин е многу мала во споредба со она што го прават бубрезите и црниот дроб.

Треба ли да се загрижиме доколку мирисот на потта се промени?

Нормално е намирниците како што се лукот да го променат мирисот на потта, поради хемиската состојка која излегува од телото директно преку порите, но силните промени понекогаш можат да откријат и проблеми со здравјето. Триметиламинурија е ретко генетско пореметување кое оддава мирис налик на расипани јајца или риба.

Јаболков оцет

Јаболковиот оцет има кисела природа, што значи дека не е добра основа за размножување на бактериите кои ги населуваат нашите дланки, стапала и други делови од телото. Исто така, има ефект на сушење и смирување.

Доколку сакате да го отстраните непријатниот мирис на потењето, разредете јаболков оцет со млака вода и ставете облоги на стапалата, дланките или под пазувите и држете ги 15 – 30 минути. Треба да го олесни потењето. Ако сте загрижени за мирисот, не грижете се, штом оцетот се исуши, мирисот се губи.

Лимон

Лимонската киселина ќе ги елиминира бактериите и ќе го олесни прекумерното потење. Можете да ги триете местата каде што многу се потите со половина лимон, или да измешате сок од лимон со сода бикарбона и да направите облоги со истата постапка како со јаболковиот оцет.

Чај од жалфија

Докажано е дека жалфијата ги ублажува топлотните бранови, а кон-сумирањето чај од ова растение помага и во ублажување на прекумерното потење. Истурете една лажичка жалфија во чаша врела вода, оставете ја да отстои, исцедете ја и пијте трипати на ден.

Внимавајте што јадете

Изберете храна богата со растителни влакна, и не јадете зачинета и мрсна храна. Овошје, зеленчук, супи и лесни супи со посно месо треба да бидат основа на вашата исхрана во текот на летото.

Пијте доволно вода

Хидратацијата помага да се намали температурата на телото, а со тоа се спречува потењето. Водата е исто така клучна за одржување на здравјето затоа што ги исфрла вишокот ток.сини од телото. И не чекајте да се чувствувате жедни, секогаш имајте чаша вода при рака.

Носете памучна облека

За разлика од синтетичките материјали, памукот и овозможува на кожата да дише. Ја апсорбира потта брзо и се суши исто толку брзо.

Не претерувајте со кон-сумирање на кофеин

Кофеинот е стимуланс, а кога премногу внесувате, телото влегува во шема на однесување „бор ба или бегство“, а потоа се активираат апокрините потни жлезди. Доколку забележите дека повеќе се потите по пиењето кафе, намалете ја вообичаената дневна доза.

Фото: Јутјуб принтскрин