Не често, но повремено кога ќе се разбудите забележувате плунка на вашата перница, а некогаш и кај вашиот партнер. Исто така, сигурно сте забележале дека ова почесто се случува кога сте спиеле на страна, отколку на грб.

Тоа се случува затоа што, кога спиете на грб плунката се слева кон грлото и се суши. Постојат различни жлезди кои придонесуваат за лачење на плунката. Зошто некогаш ни се исцедува плунка од устата и како можеме повеќе да дознаеме за нашето здравје преку плунката, прочитајте подолу во текстот, пишува НМД.мк




Понекогаш се будиме со плунка на перницата поради сонот кој сме го сониле и напорниот ден кој сме го поминале. Обично лицата кои се многу уморни и подолг период не спиеле доволно, по проспиената ноќ забележуваат мала локва од плунка. Ова значи дека конечно настапил долг и цврст окрепнувачки сон.




Плунковните жлезди дневно излачуваат од 800 мл до 2 литри плунка (салива). Иако не обраќаме големо внимание на течноста која ни се наоѓа во устата, таа може да биде многу добар показател за нашата здравствена состојба.




Плунката ни е неопходна за варење на храната, одржување на влажноста, подмачкување и физиолошко чистење на усната шуплина, превенција од кариес на забите, а има и значајна улога во одржувањето на физиолошката состојба на целата уста и почетниот дел од дигестивниот тракт.




Најголем процент во составот на плунката е вода (98-99%), а остатокот се електролити, антибактериски супстанции водород-пероксид, имуноглобулин А, разни ензими. Кога во организмот се одвива некој процес, овој состав се менува, па така врз основа на состојбата на плунката, може да се открие на кое место во телото се наоѓа проблемот.




НЕДОСТИГ НА ПЛУНКА

Појава на сувост во устата и мало количество на плунка може да биде предизвикано од некои лекови, на пример антиде-пресиви, атропин и слично. Овој проблем може да се јави и после радиотерапија, поради автоимуна болест на плунковните жлезди и вроден недостаток на плунковни жлезди.




Недостиг на плунка често се јавува кај повозрасните лица, кои поради здравствени тегоби мора да земаат повеќе лекарства. Се препорачува пиење на доволно течности, како и консумација на цитруси кои го подобруваат лачењето на плунката.

Неопходно е да се води повеќе сметка за хигиената на устата и на тој начин навремено да се заштитат забите од кариес. Експертите советуваат забниот конец и пастите кои содржат флуорид да се користат најмалку двапати дневно.




ПРЕКУМЕРНО ЛАЧЕЊЕ НА ПЛУНКА

Чест проблем во текот на бременоста поради хормонските промени, или како нуспојава на мачнината и надразнувањето за по-враќање. За среќа, прекумерното лачење на плунката во овој случај не остава последици по здравјето. Најдобро во тие ситуации е да се земе гума за џвакање или бонбона, пишува НМД.мк




Други причини поради кои некогаш постои вишок на плунка, можат да бидат: кон-сумација на одредени лекови, пропратни симптоми на некои заболувања, или некое психичко заболување при кое се лачи нормална количина на плунка но сепак таа истекува од устата.




БЕЛА И ЛЕПЛИВА ПЛУНКА

Доколку плунката стане бела и леплива, треба да се посомневате на инфекција во усната шуплина. Причина може да биде габата кандида албиканс, но и доколку во устата било суво подолго време. Ова често се случува ако се дише на уста, наместо на нос.




ГОРЧЛИВА ИЛИ КИСЕЛА ПЛУНКА

Непријатно чувство на горчина или претерана киселост во устата обично укажува на гастроезофагеален рефлукс, односно враќање на желудочната содржина и сокови од желудникот во хранопроводникот.

Како резултат на тоа се јавува непријатен кисел вкус во устата и грлото, често проследено со ждригавица. Може да се јави и лош здив и мачнина во желудникот, пишува НМД.мк