Рецепт на Ивана од каналот Шерпица Рецепти. Идеална чорба за летните денови, многу е лесна и едноставно се подготвува. Може да се прави со или без месо. Кога правам дополнително јадење, не ставам месо, но како индивидуално ставам околу 300 г месо за да не засити.




Исто така, понекогаш користам блитва, а понекогаш спанаќ. Вие одлучете, што и да имате дома, тоа ставете во чорбата. Наместо тестенини, користам просо, може и тарана, по ваш избор.




Потребни состојки: 300 г бело месо, 200 г блитва или спанаќ, 150 г морков, 50 г целер, 300 г компири, 1 помала главица кромид, 4 лажици просо или хељда (наместо тестенини), сув зачин: сол, црн пипер, вегета (по вкус), 4 лажици масло, магдоносов или целеров лист, 1 лажица брашно, вода.

Постапка: Зеленчукот е потребно добро да се измие, а потоа месото се сечка на ситни коцки. Во поголемо тенџере се додава маслото, па се става месото заедно со поголеми парчиња кромид да се пропржи на средна температура.

Кога месото ќе се испржи, се додава зеленчукот. Претходно добро треба да се измие, а потоа морковот се сечка на кругови, заедно со целерот и компирот. Овие 3 состојки се додаваат во пропрженото месо и со постојано мешање се пржи уште неколку секунди.




Доколку чорбата ја правите со блитва, исечкајте ја на ситни парчиња, а петелката не ја фрлајте, туку исечкајте ја ситно и пропржете ја со останатиот зеленчук. Блитвата се додава отпосле.

По кратко пропржување, додајте 2 литри вода. Не е потребно повеќе вода бидејќи чорбата треба да биде малку погуста и да изобилува со многу зеленчук. По 10 минути варење, се додава исечканата блитва заедно со исечканиот магдоносов или целеров лист.

Додајте го просото околу 4 лажици, па промешајте. Се готви додека просото да омекне, околу 30 минути. Потоа зачинете по свој вкус. Пред крајот, во мала чинија измешајте мала лажичка брашно со 3 – 4 лажици вода.

Добро промешајте за да нема грутки и да биде течно. Во оваа течност може да додадете павлака или лимон и исто така добро да промешате пред да ставите во чорбата, но може да се стави и павлака откога чорбата ќе ја послужите.




Ние чорбата ја сакаме киселкаста и секогаш послужувам и неколку парчиња лимон да се исцедат во чорбата. Компирот може да се изгмечи, но и не мора. Се додава течноста со брашно и повторно се промешува.

Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.




II РЕЦЕПТ: Бела пилешка чорба со зеленчук, многу вкусна, лековита и заситна.

Свечена бела чорба за слави и празници – ја готвам редовно и секогаш се дотура уште една чинија. Рецепт на Ивана од Шерпица Рецепти. Свечена бела чорба за слави и празници. Секогаш варам полно тенџере, па чорбата ја јадеме два дена. Мене ми е доволна како оброк и секогаш се дополнува уште по една или две чинии.




Потребни состојки: околу 1 кг пилешко месо со коски, а без коски е околу 600 г чисто месо, 200 г пашканат, 200 г магдонос, 350 г морков, 400 г компир, 250 г кромид, 100 г целер, 1 чешне лук, 150 г грашок, ловоров лист, магдонос, сол, црн пипер, сув зачин по вкус.

Други потребни состојки за легир: 200 г кисела павлака, 1 јајце, сок од еден лимон, 100 путер или масло, 1 полна лажица брашно.

Постапка: Во поголемо тенџере (повеќе од 5 литри) ставете го месото и прелијте со 5 литри вода, па ставете го на оган и оставете да зоврие. После првото зовривање кога ќе се насобере пената, соберете ја и отстранете ја со помош на лажица или цедалка.




За тоа време измијте го и излупете го зеленчукот (и повторно измијте го), па додајте го заедно со месото. Коренестиот зеленчук исечете го на половинки или четвртинки за да проверите дали и во средишниот дел плодот е здрав (се случува некогаш внатре да биде труло).




Оставете да се вари на умерен оган додека сите состојки да омекнат. Треба да се вари под капак, малку подотворен (преку тенџерето ставете дрвена лажица, а потоа капакот). Потоа со решеткаста лажица или штипалка извадете ги состојките, оставете да се подизладат, па ситно исечкајте ги.




Во посебен сад растопете путер и кратко пропржете го брашното. Црпнете половина литар од супата и додајте го во прженото брашно и промешајте. Додајте го исечканото месо и зеленчукот, остатокот од супата, а одозгора наросете ситно сечкан магдонос и варете уште 15 – 20 минути.




Во меѓувреме додајте ги зачините по вкус и желба. Кога ќе ја тргнете супата од рингла, во неа додајте го приготвениот легир: изматете јајце заедно со кисела павлака и лимонов сок. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.