Вишните се исклучително здрави, не морав да ви го спомнувам тоа, а сигурно знаете дека освен плодот, исто така и листот и дршките на вишната се многу лековити и од нив може да се приготвува чај, тинктура, облога и слично. Овие препаратуи се особено корисни за бубрезите.
Мешутоа, овојпат сакам да ви претставам еден рецепт за домашен сок од вишни кој одамна го имам прочитано некаде, а кој веќе со години си го приготвувам токму на овој начин, бидејќи сите дома уживаме во неговиот вкус.
Веднаш да ви кажам дека не се вари и сите витамини се задржани во сокот. Единствено што некому можеби би му пречело, е тоа што сокот е на растворање, односно се приготвува со шеќер како сируп, но тоа е единствениот начин ако сакате да го сочувате сокот од расипување.
Вториот начин е сокот да го исцедите и да го замрзнете во пластични шишиња, што не е дека не сум го правела и тоа, меѓутоа ми зазема многу простор во фрижидерот и така многу поскапо ме чини. Поголемиот дел од сокот го приготвувам како сируп, а само неколку замрзнувам.
Постапката за приготвување е многу лесна и едноставна, бидејќи нема готвење. Мерката е предвидена за 15 литри сируп, но вие можете да си направите онолку колку што ви е потребно, само запазете го односот на состојките.
Потребни состојки: 7 кесички лимонтус, 10 литри исцеден сок од вишни, 10 кг шеќер
Постапка: наберете ги вишните и отстранете ги листовите и дршките, како и некои изниени плодови, а потоа исперете ги убаво под млаз ладна вода, а потоа процедете ги во цедалка.
Кога убаво ќе се исцедат, префрлете ги во некое големо, длабоко, а шитоко тенџере, па изгме-чете ги вишните со раце додека да им излезат семките, наросете им одозгора три кесички лимонтус, измешајте и прекријте со газа или ставете капак.
Вака приготвените вишни оставете ги да отстојат 24 часа на некое ладно место (ако е топло може да почнат да ферментираат). Потоа процедете ги убаво, да истиснете од нив што е можно повеќе сок.
Најдобро е да ги процедите низ двојна газа, а повремено менувајте ја или перете ја, за да може полесно низ неа да излегува сокот. Она што ќе остане, пулпата без семките, можете да ја искористите за да си приготвите џем, пишува НМД.мк
Во сокот додајте лимонтус и шеќер, промешајте и продолжете со мешање на секои 15 минути додека целосно да се растопи шеќерот. на површината може да се формира пена која е потребно да се собере и отстрани.
Излејте го сирупот во шишиња и добро затворете ги, а потоа потребно е да ги чувате на темно и ладно место. По отворање сокот чувајте го во фрижидер. Прочитајте го и вториот рецепт, можеби токму тој повеќе ќе ви се допадне:
Вкусен сок од вишни за топлите денови, децата најмногу го сакаат и го пијат за неколку дена
Домашен сок од вишни. Многу е вкусен и освежителен, го правам секое лето и тоа во голема количина. Децата најмногу го сакаат и веднаш ми го пијат, може да се разреди со вода, но и не мора.
Потребни состојки: 5 кг вишни, 5 кг шеќер, 50 г лимонтус, 3 литри вода, 1 – 2 ќесички ванилин шеќер по желба. Количината на обичниот шеќер може да се намали, доколку ви е премногу 5 кг шеќер.
Подготовка: Вишните се мијат под млаз вода, плодот се одвојува од листовите и гранчињата и се става во поголем сад со шеќер и вода да отстои 24 часа (не е проблем ако остане и подолго од еден ден).
Се остава да отстои на ладно и темно место и се промешува повеќе пати во текот на денот за шеќерот полесно да се растопи бидејќи растопувањето потешко се одвива во ладна вода. Пожелно е малку да се изгмечат вишните.
По изминатото време, течноста се процедува низ цедалка или газа. Важно е да се одвои лушпата и поголемите парчиња вишни. Процедениот сок (сируп) вкусете го разреден со вода и доколку е потребно додајте уште малку лимонтус.
Јас додавам 100 г лимонтус бидејќи сакаме кога е малку покисело и една до две ќесички ванилин шеќер заради арома. Се заедно се готви на пониска температура, не на висока бидејќи новонастанатата пена може нагло да го прекипи тенџерето.
По зовривањето, оставете да крчка 3 – 5 минути. Пробувајте го сокот постојано и доколку нешто недостасува, додајте по вкус. Бидете претпазливи со лимонската киселина.
Претходно пастеризирајте неколку стаклени тегли или шишиња на 100 степени во рерна околу 45 минути. Оставете малку да изладат, а потоа додајте го врелиот сок во нив. Добро затворете ги флашите. Капачињата е пожелно да ги премачкате со ал-кохол пред затворање на шишето.
Ставете ги во кутија и одозгора покријте ги со ќебе. Чувајте на темно и суво место. Се остава да се ладат 2 – 3 дена, а потоа се спремни за употреба. Сокот има рок на траење 2 години без да се расипе.
Забелешка: Лимонтус може, но и не мора да се стави. Доколку сокот го сакате без никакви додатоци тогаш не користете лимонтус, бидејќи вишните сами по себе се кисели. Како и да е, сокот (сирупот) е вкусен и на двата начина.
Количината на шеќер сами одредете ја, може да ставите и мед наместо шеќер, така е уште поздраво. Идеална количина е 3 кг мед. Може да ставите и повеќе вишни доколку сакате сокот да е покиселкаст.