Овој природен лек можеби не звучи привлечно, но тоа е успешен третман против опаѓање на косата, а е познат веќе со децении. Лукот и неговиот сок помага повторно да порасне косата.

На кој начин лукот помага против ќелавост?

Лукот е богат со сулфур. Овој минерал е една од главните градбени материјали на косата. Ја подобрува циркулацијата на крвта и на фоликулите им овозможува доволно протеини.

Оваа намирница исто така има антибактериски својства, па помага при инфекции на кожата од главата кои можеби придонеле за губиток на косата. Содржи и еден ензим кој како антиоксидант може да го спречи предвременото белеење на косата.

Лукот е потенцијално силен лек против губиток на косата а тоа е и научно поткрепено. Во 2002 година, во списанието Дерматологио била објавена една мала студија за употребата на сок од кромид за лекување на алопеција (губиток на коса). Учесниците кои се пријавиле користеле сок од кромид и сок од лук, двапати дневно во период од два месеци. Мажите имале подобри резултати во лекувањето отколку жените.

РЕЦЕПТ

-сок од лук за раст на коса: излупете го лукот, изрендајте го или изблендирајте го за да го извлечете сокот. Добро измасирајте го во темето од главата. Оставете да делува најмалку 15 минути или подолго, а потоа исперете со благ шампон.

-мешавина од лук и мед за раст на коса: измешајте ¼ шолја сок од лук со 1 лажица мед. Нанесете ја смесата на темето и оставете да делува најмалку 30 минути, а потоа исплакнете.

Ова е природен третман, така што ќе мора да бидете трпеливи за да ги видите резултатите. Ова не е операција за пресадување на коса, па затоа не очекувајте резултати преку ноќ. Процесот е долготраен а најголеми резултати се покажуваат кога ќе се започне со примена уште рано, по првите знаци на опаѓање на косата.

Доколку мирисот ви е многу силен, додадете малку лимонов сок или вода од рузмарин, лаванда или перпеминт. Сите овие билки поволно делуваат на косата.

Мешавината од мед и лук може да се консумира и орално. Не заборавајте дека освен надворешно, мора да се третирате и внатрешно, односно да ги примате сите неопходни витамини и минерали кои се задолжени за убавината и здравјето на косата.