На научниците одамна им е познато дека одредени видови печурки имаат антиту.морно дејство. Сепак, што е со лесно достапните бели печурки познати како шампињони?

Ние ги користиме овие популарни и вкусни печурки во подготовката на речиси сите јадења, од пица до салати и сосови. Сепак, покрај одличниот вкус, белите печурки се богати и со бројни хранливи состојки кои се добри за здравјето.

Така, најновото истражување покажа дека белите шампињони ја стимулираат активноста на критичните клетки во имунолошкиот систем на организмот.

Добрата вест е што истражувачите документираа на кој начин шампињоните го зајакнуваат имунитетот со зголемување на производството на протеини кои се борат против предизвикувачите на болести. Овие габи имаат позитивен ефект врз клетките на имунолошкиот систем класифицирани како дендритични клетки.

pixabay.com

Токму овие клетка можат да произведат бели крвни клетки познати како Т-клетки кои се клучни за силниот и здрав имунолошки систем. Дендритичните клетки деактивираат и униш-туваат микроорганизми како што се бактерии и вируси или антигени. Покрај тоа, дендритичните клетки можат да играат важна улога во борбата против р акот.

pixabay.com

Покрај тоа, истражувачите откриле дека ефектот на подигнување на имунитет благодарение на печурките е поврзан со нивната количина – значи, јадете повеќе печурки – за поизразен имунолошки одговор. Затоа, експертите веруваат дека со кон-сумирање на само 100 грама печурки дневно, можно е да се потисне растот на ту-мори на д ојка кај жените.

Само една порција од оваа намирница може значително да го зголеми внесот на витамин Д во организмот

Здравствените експерти не можат доволно да нагласат колку е важен дневниот внес на витамин Д на дневна основа. Иако нема многу намирници што го содржат, земањето суплементи е одличен начин да го добиете овој витамин во доволна количина и ќе ве штити од инфекции.

Сепак, новата студија, направена од „Советот за печурки“ (САД), предупреди дека една обична намирница може да обезбеди доволно витамин Д. Во списанието Food Science & Nutrition, д-р Виктор Л. Фулгони III и д-р С. Агарва провериле што може да обезбеди печурка во ова прашање.

Тие ги анализирале шампињоните и буковките, а некои количини биле изложени на УВ светлина. На крајот, тие се обиделе да откријат колку здравствени придобивки ќе им дадат на луѓето на возраст од 9 до 18 години, како и на оние над 19 години.

На секоја група им било дадено да изедат околу 84 грама печурки дневно, околу половина порција. Што откриле тие? Само една порција печурки го зголемила внесот на влакна кај сите испитаници, како и минерали како што се бакар, селен, цинк, рибофлавоин, ниацин и калиум.

pixabay.com

Сепак, најмногу придобивки имале печурките кои биле изложени на УВ светлина. Истото се однесувало и кога станува збор за витамин Д, односно, со само една порција печурки им се овозможило да го зголемат дневниот внес на овој важен витамин.

Значи, ако планирате денес да одите на пазарење, не заборавајте да купите печурки и обратете посебно внимание на оние кои на амбалажата имаат ознака дека се збогатени со витамин Д.

Ако дома имате УВ ламба, можете да ги ставите свежите печурки под нив неколку часа и на тој начин, од обично пакување печурки ќе добиете специјални – збогатени со витамин Д.

Се разбира, сите ние немаме таква ламба во кујната, меѓутоа, и печурките кои не биле изложени на тоа светло се одличен начин (покрај земањето додатоци) да внесете доволно витамини во организмот, сето тоа, со цел за подобра заштита од вирусот кој во моментов ни се за-канува на сите.