Време е да се започнете со грижа за постурата на вашето тело. Положбата во која поминуваме подолго време влијае не само врз изгледот, туку и врз здравјето на нашето тело.

Веднаш штом ќе седнете, ги прекрстувате нозете? Се потпирате на масата со лактите наведнувајќи го телото напред кон соговорникот? Со оваа положба си наш.тетуваме на сопственото тело, а притоа не сме ни свесни за тоа.

Токму на оваа тема говореше проф. д-р Душко Илиќ, професор по биомеханика на ДИФ, нагласувајќи дека во неговата долгогодишна пракса видел случаи во кои овие процеси предизвикале непоправливи последици.

„Погледнете ја положбата на телото кога седите со раширени колена – тие се паралелни со колковите (се мисли на физиолошката положба на зглобот во колкот). Веднаш штом ќе ги прекрстите нозете – колено преку колено – со ова движење ги ширите колковите.

За тоа време глутеусот (мускулите на зад.никот) не може да направи ниту една контракција.

Честото и долготрајното седење во оваа позиција предизвикува ката-строфални последици. Имено, веќе за две години може да дојде до спуштање на вториот, третиот и четвртиот лумбален прешлен на ‘рбетот, а колковите остануваат трајно раширени.

Сите дами треба да знаат дека во оваа позиција, мускулите на зад.никот видно ослабуваат, а ниту мажите не смеат да го занемарат тој факт. Глутеус максимус е еден од најважните мускули, а глутеус медиус и минимус се клучна потпора на колковите и штитникот од сите повреди.

Затоа, кога седите, внимавајте колената да не ги префрлате едно врз друго, туку да бидат раширени во ширина на рамото или пошироки од нив.

Ова правило не мора да важи за кратки периоди, кога ќе седнете на брзо кафе, но не заборавајте да го применувате во сите продолжени сеанси на седење: на работа, подолги состаноци, кога гледате телевизија или зборувате на телефон. Говорот на професорот можете да го слушнете во видеото ОВДЕ.

ВЕЖБИ – ПЛАН ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ

Постојат голем број вежби кои може да се спроведуваат во домашен амбиент. Само потребна е желба и мотивација. За вас денес го издвоивме следниот план на вежби со кој ги зацврстите глутеусните мускули на вашиот зад.ник.

Убава фигура не може да се замисли без заоблен и цврст зад.ник. Не е потребно да се оди во теретана, бидејќи овие ефикасни вежби можете да ги правите дома. Сè што ви е потребно се еден пар тегови и неодолива желба за подобар изглед.

Ова се комплекс вежби на Анџела Ли која го осмислила планот за 30 дневно вежбање. Бројките на врвот од графиконот се број на клекнувања или „чучњеви“, кои треба да ги направите во едно повторување.

План вежби за 30 дена:

Секој ден правете по 3 повторувања со 2-3 минутен одмор после секое, односно, цела вежба треба да трае околу 11 минути. И не ги пропуштајте деновите за одмор: На мускулите им е потребно време за да закрепнат.

Вежба бр.1 = ОСНОВНА

Ова се старите добри „клекови“. Поставете ги нозете во ширина на рамената, грбот нека ви биде исправен па правете клекнувања со испружени раце. Овде е важно – да се пронајде вистинската рамнотежа и да се потпирате единствено на целото стапало, а не на неговите поединечни делови.

Професионален совет: „За време на вежбањето обратете внимание на движењата на својата карлица. Важно е да не се наведнувате кон напред, да ги држите очите во ниво на рацете, да бидете исправени и да го држите градниот кош исправено.

Вежба бр. 2 = СО ТЕГОВИ

Застанете исправено, стапалата раширете ги малку повеќе од ширина на рамената. Грбот исправен. Во секоја рака држете тег. Нозете треба да ги поставите така што колената да не „гледаат“ на ножните прсти.

Професионален совет: „Започнете со користење на лесни тегови, од 1 или 2 кг. По некое време, поминете на тегови со тежина од 3-4 килограми. Ако чувствувате екстремен умор после неколку повторувања, полека спуштете ги теговите на под и користете ги оние со помала тежина.“

Вежба бр.3 = ТЕШКА

Застанете исправено. Стапалата раширете ги малку повеќе од ширина на рамената. Грбот исправен. Рацете зад глава, со испреплетени прсти. Колената не треба да бидат на иста линија со ножните прсти.

Професионален совет: „Не вршете притисок на главата, не се наведнувајте напред. Телото треба да биде рамно, а за време на вежбата треба да почувствувате како се напрегаат грбните мускули. Лактите раширете ги така да се наоѓаат во поле на вашиот периферен видик.“