Голем број луѓе кога ќе се соочат со некој здравствен проблем, без разлика на неговата тежина, веднаш посегнуваат по лекови. Меѓутоа, честопати лековите имаат придружни негативни нуспојави, кои подоцна лошо влијаат врз организмот.
Затоа, доколку сте можност и доколку состојбата тоа го дозволува, најдобро би било помошта да ја побарате во природата. Ќе ви претставиме една од најлековитите билки кои можете да ги пронајдете на нашите простори, а тоа е мајчината душичка.
Никој не останал рамнодушен од нејзиниот опоен мирис. Мајчината душица е билка која ја обожаваат пчелите, но исто така, таа е одлична и за човековото здравје. Таа е природен извор на минерали како пто се железо, калиум и калциум. Пред сè оваа билка е одличен антиоксидант!
Поседува голем број лековити својства, но меѓу најважните ќе ги набројаме:
Помага при лекување на ревматоиден артритис, го регулира кр-вниот притисок, третира хронична исцрпеност и астма, го стимулира формирањето на црвени кр-вни зрнца, ја ублажува вртоглавицата, и симптомите од мултиплекс склероза.
Значи, редовното пиење на чај од мајчина душица може да биде добро за вашето здравје. Еве како се приготвува овој ароматичен напиток:
Потребни состојки: една рака мајчина душица (свежа или сува), 1 чаша вода (200-250 мл) и малку мед по вкус.
Постапка: ако свежо сте ја набрале билката, тогаш малку исперете ја и ја ставете ја во некој сад. на страна зовријте ја водата, па прелијте ја билката и веднаш поклопете ја за да не испарат етеричните масла.
После неколку минути процедете го чајот и засладете со мед доколку сакате. Може да додадете и неколку капки лимонов сок. Пијте го овој чај секој ден и ќе бидете воодушевени.
Чајот од мајчина душица е одличен за враќање на силата, здравјето и виталноста. Има уникатен вкус и необична арома, ја гаси жедта во лето и загрева во студените зими. Овој напиток често се користи за превенција и фитотерапија на разни болести.
Билката има богат хемиски состав: витамин Б, кој го смирува нервниот систем; витамин Ц, кој го зајакнува и одржува имунитетот; железо, кое е вклучено во обезбедување кислород на органите и ткивата; калиум и манган, кои го нормализираат крвниот притисок и го враќаат балансот на вода-сол; каротеноиди кои го забавуваат процесот на стареење на телото.
За кои болести може да помогне чајот од мајчина душица?
Редовното пиење на чај од мајчина душица го намалува ризикот од респираторни заболувања, промовира мирен сон и ја подобрува функцијата на мозокот.
Хипертензија: Мајчината душица ги шири кр-вните садови и го спушта кр-вниот притисок. Нев.роза: напитокот позитивно влијае на нер.вниот систем, го намалува ст-ресот и вознемиреноста.
Простатитис: Благодарение на бактерицидните компоненти, билката го намалува воспалителниот процес и ја ублажува б олката. Ревматизам: Чајот од мајчина душица е одличен за б олка во мускулите и зглобовите.
Гастритис: Напитокот ја обновува слузокожата на дигестивниот тракт и помага во справувањето со дијарејата. Бронхитис: Мајчина душица го разредува спутумот и го отстранува од белите дробови. Дијабетес: Билката го нормализира нивото на шеќерот во кр-вта.
Напитокот е исто така корисен да се пие при постоење на гасови, грчеви во стомакот и чиреви, помага да се справите со мамурлак и главоболки. За ал-кохоличари: редовно пиење чај може да предизвика аверзија кон ал-кохолот.
Сируп од мајчина душичка, се пие како сок а лекува нер-воза, ст-рес и несоница
Ако ви се допадна рецептот, споделете го со своите пријатели, а доколку имате некој свој, сличен рецепт, споделете го со читателите на НМД.мк
Потребни состојки: 5 полни раце мајчина душичка (може и повеќе), 2,5 литри вода, 1,5 кг интегрален шеќер (или мед по вкус), 3-4 лимети или лимони, 1 лажица лимонска киселина
Постапка: наберете ја мајчината душичка кога е расцветана, на сончево време. Растресете ја врз чист чаршав или работна површина за да ја исчистите од евентуални бубачки, но немојте да ја миете.
Прелијте ја со ладна вода и оставете така да стои 24-48 часа. Потоа добро процедете ја течноста низ газа, а билката добро исцедете ја. Течноста прелијте ја во тенџерете и додајте го шеќерот. Потоа загрејте до вриење и варете 5 минути.
Додадете сок од исцедени лимети, а доколку немате лимети (зелени лимони), тогаш исцедете обични лимони. Но, тие имаат своја посебна арома која одлично си одговара со мајчината душичка, па добро би било да се потрудите и да најдете лимети.
Во меѓувреме пригответе чисти и стерилизирани стаклени шишиња во кои ќе го складирате сирупот. Најдобро е претходно да се загреат во рерна на приближно 75 степени.
Складирајте го сирупот во топли шишиња и веднаш затворајте ги. Од оваа количина се добиваат 3 литри сируп на разредување.
Кога го користите, овој сируп разредете го со вода во однос по желба. Може да го пиете кога сте нервозни или под стрес, но во него можете да уживате било кога. Додајте коцка мраз и парче лимета, па освежете се во врелите летни денови. По желба во овој сируп можете да додадете и нане.